Винстон Леонард Спенсер Черчил (30 ноември 1874 - 24 јануари 1965) — еден од поважните политичари на 20 век. Најпознат е по неговата улога во Втората светска војна како премиер на Велика Британија.

Винстон Черчил
Winston Churchill
Роден 30 ноември 1874
Починал 24 јануари 1965
Лондон

Воени мисии уреди

Винстон Черчил е роден во Бленхеим Палатата во Оквордшир на 30 ноември 1874,[1] како син на Лорд Рудолф, британски државник и водач, и американката Џени Џероум, во семејство кое по татко потекнува од Џон Черчил првиот војвода на Малбурн.[2][3] Черчил завршил воена академија, а за време на неговото образование се интересирал за англиски јазик и историја.

По воената академија тој служел војска и отишол во мисии на Куба и Египет, за време на кои бил дописник за британски весници, а во Египет учествувал во еден од последните напади на Британската Коњаница. Тој ја напуштил војската во 1899 година, за да се кандидира за во парламентот но не бил избран, по што работел како новинар, а по избувнувањето на британско-боерската војна во Јужна Африка тој известувал на местото на настанот, каде бил заробен и подоцна успеал да избега што го прославува преку ноќ во Британија.

Враќање во Британија уреди

По враќањето, тој повторно се кандидирал за во парламентот и бил избран како претставник на владеачката Конзервативна партија, но по редица несогласувања со партијата тој преминал во Либералната партија. Откако во 1905 година Либералната партија ги добила изборите Черчил бил назначен како потсекретар на Колонијалната Канцеларија во владата, а во 1908 година за претседател на Одборот за Трговија. Во истата година тој се оженил со Клементина Хозиер.

Во 1910 година Черчил станал Секретар за внатрешни работи и ги надгледувал реформите во казнениот систем кои ги вовеле Либералите. Во 1911 година тензиите помеѓу двата блока од Првата светска војна биле забележителни, а Черчил истата година бил назначен за Прв Лорд на Морнарицата со задача да ја држи истата во борбена готовност, во оваа функција Черчил целосно се внел и помагал во развивањето на морнаричката авијација и во развивањето на побрзи борбени бродови.

Во Првата светска војна Черчил зел активно учество не само како Прв Лорд на Морнарицата туку исто така помагал во развивањето на тенкот, кој во тоа време се сметал за погрешна алокација на владини средства, и помагал во развивањето на Кралската Авијација. Черчил ја иницирал кампањата за отворање на Дарданелскиот проток во денешна Турција со што, сметал тој:„ ќе им се помогне на Русите, ќе се отвори јужен фронт и ќе се исфрли Отоманското Царство од војната.“ Овој поход бил неуспешен и му на Черчил му донел лоша репутација која резултирала со негов трансфер на помала функција во владата, која подоцна ја откажал и се вклучил во армијата како командант на Британски пешадиски баталјон во Франција.

По реконструкција на владата во 1917, Черчил бил повикан во неа како Министер за муниција, а по 1918 и во Канцеларијата за одбрана и во Канцеларијата за Колонии.

По Првата светска војна уреди

По Првата светска војна во 1922 на изборите победила Конзервативната Партија, а Черчил го изгубил парламентарното место, па се кандидирал еднаш како член на Либералната Партија, која постепено ја загубил популарноста на сметка на Ларбористичката, и двапати како независен, но повторно не бил избран, по што се вратил во Конзервативната Партија и во 1924 бил назначен за Министер за Финансии.

Во 1930 година, кога Черчил не вршел никакви функции во владата, тој се спротивставил на одвојувањето на Индија од колонијална власт, и спротивно на неговиот премиер, го поддржал кралот Едвард VII, кој на крајот абдицирал. Ова резултирало со намалена популарност кај нацијата. Во меѓувреме Черчил учествувал во развивањето на радарот, и предупредувал на опасноста од режимот на Адолф Хитлер, но во Британската јавност ова не пројавувало поголем интерес.

Втора светска војна уреди

Непосредно пред Втората светска војна, Черчил бил повторно повикан во Владата како Прв Лорд на Морнарицата, а по избувнувањето на војната бил повикан да го заземе местото Премиер во коалиционата влада од сите партии во Британија. Тој тогаш го изјавил познатиот говор „не можам да понудам ништо друго освен крв, умор, солзи и пот”.

За време на војната Черчил го одбил барањето на Франција за воена помош, при навлегувањето на Нацистите, заради тоа што сметал дека на Британија й се потребни сите воени сили заради нејзина одбрана. Ова одбивање на помош потоа го приморил да ја саботира Француската флота, по нејзиното одбивање да й се приклучи на Британската, заради тоа што не може да си дозволи таа да им се приклучи на силите на Нацистите. Британската Кралска Авијација, иако со тешки загуби во своите редови, успеала да ја одбрани Британија од германската авијација, ова во голем дел се должело и на Американската помош поддржана од Претседателот Френклин Рузвелт. Черчил, иако противник на комунизмот, со радост го примил влегувањето на СССР во војната како моќен сојузник против нацистите. Зближувањето на Британците и Американците се институционализирало со Атлантскиот договор, по кој се формирал заеднички воен штаб на двете земји, во кој отпрвин се прифатиле стратегиите на Британците, но подоцна, заради стравот од Британска доминација во светот, и без очекување на Советска, Американците наметнале свои воени планови.

По војната уреди

По Германската капитулација, во 1945 се одржиле избори во Британија, на кои Черчил, кандидиран како Конзервативец, и покрај неговата огромна улога во светот воопшто, не ја добил довербата од гласачите и во наредните години ја предводил опозицијата, а изборите ги добиле Лабористите. Во 1951 година, Конзервативците повторно се вратиле на власт, со политики на антикомунизам, а Черчил повторно станал премиер.

Во 1953 година Черчил станал витез[4] и ја добил Нобеловата награда за литература,[5] во 1955 година, се повлекол од функцијата премиер, а во 1963 година Џон Кенеди го прогласил за првиот почесен граѓанин на САД.

Черчил починал на 90 годишна возраст и бил закопан близу до местото каде што е роден.[6]

Творештво уреди

Черчил е творец на многу статии, и книги и е исто така значаен како историчар, кој во своите книги дал поглед во прво лице за случувањата во неговото време, за време на пишувањето на историските книги имал пристап до тајните архиви на владата. Неколку од неговите книги ги напишал заради обезбедување на материјална корист, која на крајот и ја добил од продажбата на книгите, заради тоа што и покрај неговото аристократско потекло не многу богат.

Тој ја пишува биографијата на неговиот татко „Животот на Лорд Рудолф Черчил” (1906) и биографијата на неговиот предок „Неговиот живот и време” (1933-38г. во 4 дела), и неколку дела кои воглавно се негови автобиографии со кои се промовира во раните години.

Неговите најдобри дела се историските книги „Првата светска војна” (1923-31г. во 6 дела), „Втората светска војна” (1948-53г. во 6 дела), за која и добил Нобелова награда, и „Историјата на народите кои зборуваат англиски” (1956-58г. од која голем дел датира од 1930г.).

Наводи уреди

  1. Јенкинс, Рој (2001). Churchill. Лондон: Macmillan Press. ISBN 978-03-30488-05-1 page=5 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Недостасува права црта во: |isbn= (help)
  2. Гилберт, Мартин (1991). Churchill: A Life. Лондон: Heinemann. ISBN 978-04-34291-83-0 page=1 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Недостасува права црта во: |isbn= (help)
  3. Јенкинс, Рој (2001). Churchill. Лондон: Macmillan Press. ISBN 978-03-30488-05-1 pages=1,5 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Недостасува права црта во: |isbn= (help)
  4. „Winston Churchill knighted“. HISTORY. A&E Television Networks. 9 февруари 2010. Посетено на 24 декември 2021.
  5. „The Nobel Prize in Literature 1953 – Winston Churchill“. Стокхлом: Nobel Media AB. Посетено на 24 јануари 2021.
  6. „Winston Churchill dies“. HISTORY. A&E Television Networks. 18 октомври 2010. Посетено на 24 декември 2021.