Винона Лора Хоровиц (англиски Winona Laura Horowitz, родена на 29 октомври 1971), подобро позната по нејзиното професионално име Винона Рајдер — американска глумица. Кариерата ја започнува во 1986. Иако Винона го направи своето прво филмско појавување во филмот Лукас (1986), нејзината прва официјална и голема улога ја одигрува во филмот Битлџус (1988) како Лидија Диц — тинејџерката со готски ментелитет. После неколку одиграни улоги и појавувања на телевизија, Рајдер ја продолжува својата кариера со филмот Хетерс (1989). Во 2000 година, таа добива ѕвезда на Патеката На Славните во Холивуд, Калифорнија.

Винона Рајдер
Winona Ryder
Занимањеглумица, продуцент
Активен1986—

Рајдер е позната и по врската со глумецот Џони Деп во раните деведесетти. Винона Рајдер добила светско внимание после нејзиното апсење на 12 декември 2001, поради крадење од бутик во Беверли Хилс, Калифорнија.

Надворешни врски уреди