Вила Фоскари (Villa Foscari) —ремек-дело на италијанскиот архитект Андреја Паладио, повеќе познато како La Malcontenta. Вилата го добила прекарот заради жената на сопственикот која била заклучена во една од собите зошто не си ги извршувала сопружничките должности[1].

Предна фасада
Задна фасада

Вилата е на прекрасна локација покрај каналот Брента. Била порачана од Николо и Лујџи Фоскари, членови на венецијанското семејство од кое излегле многу дуждови. Куќата е изградена помеѓу 1550 и 1560 и стои врз масивен пиедестал, карактеристичен за вилите на Паладио.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Sakalis, Alex (9 August 2023). „7 Highlights of the Brenta Riviera“. Italy Magazine. Посетено на 9 October 2023.