Виктор Јушченко (украински: Віктор Ющенко) е украински политичар, кој беше третиот претседател на Украина, во периодот од 2005 до 2010 година. Роден е на 23 февруари 1954 година во село Хоруживка, Сумска област, Украина, СССР. Од 2002 до 2004, тој бил водач на опозициската партија Наша Украина. На таа позиција останал до април 2004 кога го победува Виктор Јанукович на редовните претседателски избори (Портокаловата револуција).

Виктор Јушченко
Віктор Ющенко
Претседател на Украина
На должноста
23 јануари 2005 – 25 февруари 2010
Премиер Јулија Тимошенко
Јуриј Ехануров
Виктор Јанукович
Јулија Тимошенко
Претходник Леонид Кучма
Наследник Виктор Јанукович
Премиер на Украина
На должноста
22 декември 1999 – 29 мај 2001
Претседател Леонид Кучма
Заменик Јуриј Ехануров
Претходник Валериј Пустовоитенко
Наследник Анатолиј Кинах
Гувернер на Народната банка на Украина
На должноста
јануари 1993 – 22 декември 1999
Претходник Вадим Хетман
Наследник Владимир Стелмах
Лични податоци
Роден(а) 23 февруари 1954(1954-02-23)(70 г.)
Хоружевка, СССР (денешна Украина)
Партија Наша Украина (2005–денес)
Други припадности Народна самоодбрана на Наша Украина (2001–2012)
Комунистичка партија на Советскиот Сојуз (1980–1991)
Сопружник Светлана Колесник (разведен)
Катерина Шумашенко
Деца Андреј
Тарас
Виталина
Софија
Кристина
Установа Национален економски универзитет во Тернопољ
Вероисповед Украинско православие
Потпис
Портал www.razom.org.ua
Воена служба
Род Граничен војник на четите на КГБ
Траење 1975–1976
Чин Капетан

Во 2010 функцијата претседател ја преземал Виктор Јанукович, извојувајќи изборна победа над неговата соперничка, Јулија Тимошенко.

Пред да стане претседател, Јушченко имал изградена кариера во украинската политика. Во 1993 г. станал гувернер на Народната банка на Украина, а во периодот 1998-2001 ја извршувал премиерската функција. По напуштањето на ова работно место Јушченко преминал во опозиција, а на парламентарните избори во 2002 г. убедливо триуфирал освојувајќи 111 места (од можни 447) во украиското собрание. Успех забележал и на претседателските избори од 2004 г. кога го победил неговиот голем политички соперник и тогашен претседател на украинската влада, Виктор Јанукович.[1] Тој изборен процес бил окарактеризиран како доста контроверзен,[2] бидејќи втората изборна рунда била повторена по одлука на украинскиот Врховен суд, кој сметал дека изборите биле нерегуларни.[3]

По истекот на петгодишниот претседателски мандат, тој повторно се кандидирал за истата функција, но овој пат бил елиминиран уште во првото коло. На тие избори победа остварил Виктор Јанукович, со тесна предност пред Јулија Тимошенко.[4] На последните парламентарни избори одржани во 2012 г. Јушченко ја предводел листата кандидати на партијата Наша Украина, но освоил само 1,11% од гласовите, премалку за да влезе во пратеничкиот дом.[5]

Од политичките аналитичари, Виктор Јушченко е окарактеризиран како про-западно настроен политичар, негувајќи добри односи со САД и земјите членки на НАТО пактот.[6][7] Тој силно се залагал за членство на Украина во овој политички блок, за што бил жестоко критикуван од прорускиот дел од јавноста и официјална Москва.[8] За време на неговиот претседателски мандат, украинско-руските односи биле значително заладени.[9]

Наводи уреди

  1. Виктор Јушченко официјален победник на изборите Архивирано на 5 март 2016 г.; преземено од Утински весник (16.10.2006)
  2. Никој нема да ја дели Украина!; преземено од Дојче Веле (21.12.2004)
  3. Избор меѓу Европа и Русија; преземено од Дојче Веле (25.11.2004)
  4. Јанукович прогласи победа на претседателските избори во Украина[мртва врска]; преземено од ТВ Алфа (08.02.2010)
  5. Парламентарни избори во Украина[мртва врска]; преземено од Макфакс (26.10.2012)
  6. Вашингтон: Посета на Виктор Јушченко; преземено од Радио Слободна Европа (04.04.2005)
  7. ЕУ ги интензивира односите со Украина; преземено од Дојче Веле (24.01.2005)
  8. Личност на денот - Виктор Јушченко Архивирано на 4 март 2016 г.; од Утрински весник (10.10.2008)
  9. Виктор Јушченко почнува црковна војна со Москва; преземено од Утрински весник (27.07.2008)

Надворешни врски уреди