Визија (музичка група)

(Пренасочено од Визија)

Визија — македонска рок-група оформена во ноември 2011 година[1][2][3][4] во Скопје.

Визија
Визија
Животописни податоци
ПотеклоСкопје
Жанровирок
алтернативен рок
Период на активност2011 — сè уште
Членови
Марко Џамбазоски
Марко Гапо
Лилјана Јанкова
Синиша Ѓорѓевиќ

Музиката која оваа група ја изведува се заснова на рок жанрот, проследено со експериментирање на различни стилови што резултира со формирање на свој сопствен стил.

Историја уреди

Еден од првите настапи на Визија беше на „Т’к – так фест 2012“ во Кавадарци, фестивал посветен на прерано починатата рок легенда Трајко Каров, каде што бендот успеа да биде награден, а веднаш потоа следува настап на престижниот „Таксират“ – Скопје. Првиот настап на бендот надвор од територијата на Македонија е на „Складиште фест“, во Крушчиќ, Србија на 1 јуни 2013 година, а неколку дена подоцна Визија настапи во ревијалниот дел на „Т’к – Так Фест“ во Кавадарци.

Еден од најголемите успеси на бендот бил настапот на „Заечарска гитаријада[3] во август 2013, откако биле единствениот македонски бенд кој се најде во најдобрите 12 балкански рок групи кои настапиле пред 30.000 публика. Една година подоцна, Визија настапува на Јелен Демофест во Бања Лука каде што добива одлични критики, а во рамките на програмата „Rock 'n' pop the borders", бендот бележи концерт во бугарскиот град Благоевград. Во декември истата година, Визија настапи на јубилејното 30-то издание на Рок фест, каде што Марко Џамбазоски ја освојува наградата „најдобар гитарист“ на фестивалот. Бендот исто така има настапено на уште дел од поголемите балкански рок фестивали како што се „Миксер“ - Белград, „Лејк Фест“ - Никшиќ, „Пиволенд“ - Скопје итн.

Покрај овие настапи, Визија добива позитивни критики од британската музичка страна „Emerging Indie Bands“, која на нејзината листа од најдобри 90 нови бендови ширум светот за 2014 година, ја поставува Визија на 7-мото место[5], како и американската радио станица „WMBR“, која ја вбројува песната „Гласот на мојата душа“ меѓу најдобрите за 2013 од територијата на поранешна Југославија[6].

Во декември 2016 година, Визија го издаваат нивниот прв студиски албум насловен „Гласно!“ кој брои 9 песни, а концертната промоција на албумот беше одржана во МКЦ - Скопје, на 8 декември 2016.[7][8]

Членови уреди

Студиски албуми уреди

  • „Гласно!“ (2016)

Синглови уреди

  • „Гласот на мојата душа“
  • „Паѓа мрак“
  • „Психопат“[9]
  • „Илузија“
  • „Живеј“

Наводи уреди

  1. „ВИЗИЈА“ ЌЕ ЈА РАЗМРДА РОКЕНРОЛ-СЦЕНАТА http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DE6B44D9A9367A46B2D2BF42881091FD[мртва врска]
  2. Млади таленти: Групата „Визија“ до нови успеси на музичката сцена http://www.kukuriku.mk/mladi-talenti-grupata-vizija-do-novi-uspesi-na-muzickata-stsena/
  3. 3,0 3,1 „ВИЗИЈА“ ВО ФИНАЛЕТО НА „ГИТАРИЈАДА“ ВО ЗАЈЕЧАР http://mmm.com.mk/vesti/domasni/1374-vizija-na-gitarijada-vo-zaecar
  4. http://emergingindiebands.com/vizija-alt-rock/[мртва врска]
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 2015-06-28.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-01-13. Посетено на 2015-06-28.
  7. „Визија“ го промовира деби-албумот „Гласно!“http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%92%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%B1%D0%B8%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82-%D0%93%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%BE&id=645cc9e6-6c22-4de4-a8ad-680c5e83fae7 Архивирано на 11 февруари 2017 г.
  8. ГЛАСНО! Промовиран првиот албум на „Визија“http://www.mkd.mk/kultura/muzika/glasno-promoviran-prviot-album-na-vizija Архивирано на 10 декември 2016 г.
  9. „Психопат“ нов сингл на македонската музичка група Визија http://www.timemachinemusic.org/2013/03/%E2%80%9Cpsihopat%E2%80%9D-novi-singl-makedonske-grupe-vizija/ Архивирано на 31 декември 2013 г.

Надворешни врски уреди