Примери
Вие ја купивте оваа топка.
→ Јас сакам лично да го изразам моето задоволство бидејќи Вие ми помогнавте многу.

Вие е лична заменка за второ лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи група луѓе, која не го опфаќа говорникот[1]. Заменката „вие“ се користи и за персирање, односно учтиво општење со одредена личност и секогаш се пишува со голема буква во ваков контекст.

Лични заменки уреди

Личната заменка „вие“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за второ лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Потекло уреди

Старословенската форма еквивалентна на македонската „вие“ е 'вꙑ'. Така, оваа македонска лична заменка е слична со останатите заменки за второ лице множина на останатите словенски јазици, спореди: vy на словачки и чешки, wy на полски и лужичкосрпски, vi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, вие на бугарски, вы на руски и белоруски и ви на украински.[2]

Македонската заменка „вие“ настанала од старословенската вꙑ. Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.[3]

Употреба уреди

Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице без лицето кое зборува.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Речник на македонскиот јазик: вие на makedonski.gov.mk
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144