Велко Неделковски

Велко Неделковски (28 октомври 1946, Скопје) — македонски писател (раскажувач, романописец, поет и драматург).[1]

Животопис уреди

Велко Неделковски е роден на 28 октомври 1946 година во Скопје, каде завршил гимназија. Студирал на Филозофскиот факултет во родниот град, а работел во Македонската телевизија, како драматург и сценарист, а бил и уредник на играната програма за деца.[2] Во 1980 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.[3] [4]

Творештво уреди

Голем дел од книжевното творештво на Неделковски отпаѓа на книжевноста за деца. Тој ги негува речиси сите книжевни жанрови: расказ, сказна, роман, драма и поезија. Покрај тоа, тој е автор и на неколку сликовници, како и на романот-сликовница „Зеленкапа во шумата Еколо“ (во десет книги). Неделковски е автор на околу 60 радио-драми кои биле изведени на Радио Скопје (Македонското радио), а некои од нив се преведени и изведени во странство (Радио Сараево, Радио Нови Сад, Радио Братислава, Радио Белрин итн.). Исто така, тој е творец на 30 играни телевизиски серии за деца, како: „Да видам, да видам што ќе бидам“ (заедно со Глигор Поповски), „Булки крај шините“ (заедно со Душан Наумовски), „Втора смена“, „Записник или на наш начин“, „Претежно вредро“, „Кукли во градинката“, „Шумата Еколо“, „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“, „Царството на другарството“ и други, а напишал и сценарија за три краткометражни филмови. Од неговите драмски дела, изведени се: „Ден за бегство“, „Бибисек од Крампонија“ и драматизацијата на романот „Децата од Павловата улица“ на Ференц Молнар. Во продолжение, Неделковски е автор на повеќе од 500 раскази за деца и за возрасни, кои се објавени во списанијата „Развигор“, „Другарче“, „Росица“ итн. За своите дела Неделковски е наградуван во повеќе наврати, како: наградата на РТВ Скопје на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца (1986), наградата „Феникс“ на град Скопје, за постигнувања во книжевноста, наградата за животно дело на Македонската радио-телевизија и Специјалната повелба на „Детска радост“ за особен придонес во развивањето на детскиот печат во Македонија.[5][6]

Библиографија уреди

Велко Неделковски е автор на следниве дела:[7][8]

  • Леб за тате (раскази за деца, 1975)
  • Големата соба (тв-драма, 1977)
  • Како расте Пенчо (раскази за деца, 1978),
  • Ден за бегство (драма, 1979)
  • Збунети години (роман за деца, 1982)
  • Втора смена (роман за деца, 1983)
  • Записи крај огништето (раскази, 1985)
  • Пролетни авантури (сказна, 1985)
  • На наш начин (тв-драмска серија, 1985)
  • Симчо (роман, 1988)
  • Линија на животот (роман, 1989)
  • Бибисек Втори (сказна, 1990)
  • Зло (роман, 1990)
  • Осилава пролет (роман, 1991)
  • Дежурна приказна (роман, 1992)
  • Бибисек од Крампонија (драма, 1993)
  • Зборофон Тар-11 (роман, 1993)
  • Шоу под ведро небо (сказна, 1994)
  • Смртници и бронза (роман, 1994)
  • Ивона што ја нема (роман, 1995)
  • Вечниот Таниз (роман, 1999)
  • Кога доцни принцот (роман, 1999)
  • Фам или небесна кочија (роман, 2000)
  • Шармантни песни (поезија)
  • Царче-Жарче (поема)
  • Зеленкапа во шумата Еколо (роман-сликовница)
  • Срценца од ведро-а (раскази)
  • Деници (раскази)
  • Чуденки со Тимитар Итар (сказни)
  • Смеантури во Намќорец (сказни)
  • Корнет Лизи во Шаренџам (сказни)
  • Летачкиот човек Пеперут (роман)
  • Шармери од осмо (роман)
  • Албум во срцето (сликовница)
  • Запознавање (сликовница)
  • Летувалски згоди (сликовница)
  • Убав роденден (сликовница)
  • Дедо Иљо Малешевски (сликовница)
  • Солунските атентатори (сликовница)
  • Крушевската Република (сликовница)
  • Да видам, да видам што ќе бидам (сценарио)
  • Булки крај шините (сценарио)
  • Втора смена (сценарио)
  • Записник или на наш начин (сценарио)
  • Претежно ведро (сценарио)
  • Кукли во градинката (сценарио)
  • Шумата Еколо (сценарио)
  • Саки од Саканија (сценарио)
  • Големиот Лон (радиодрама)
  • Најстрашна приказна (радиодрама)
  • Сликички за Томче (радиодрама)
  • Сонце во очите (радиодрама)
  • Ало, погрешен број (радиодрама)
  • Јагнешки години (радиодрама)
  • Во царството Тропатрон (радиодрама)
  • Болки во пределот на срцето (радиодрама)
  • Земјанка (радиодрама)
  • Вториот сведок (радиодрама)
  • Божјиот лак (радиодрама)
  • Излог за нули (радиодрама)

Наводи уреди

  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 177-178.
  2. Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 96.
  3. „Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 155.
  4. „Белешка за авторот“, во: Велко Неделковски, Втората смена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2010, стр. 135-137.
  5. „Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 155-156.
  6. „Белешка за авторот“, во: Велко Неделковски, Втората смена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2010, стр. 135-137.
  7. „Биографија за авторот“, во: Велко Неделковски, Збунети години, Арс ламина - публикации, Скопје, 2019, стр. 156.
  8. „Белешка за авторот“, во: Велко Неделковски, Втората смена. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2010, стр. 135-137.

Литература уреди

  • Миодраг Друговац, Современи македонски писатели, Наша книга, Скопје, 1979.