Веделово Море

море

Координати: 75°2′57.76″S 47°15′46.1″W / 75.0493778° ЈГШ; 47.262806° ЗГД / -75.0493778; -47.262806

Веделовото море е рабно море во Јужниот Океан, на брегот на Антарктикот. Веделовото море зафаќа површина од 8,245,000 км2. Од север е опкружено со Јужните Шетландски Острови, Јужните Оркиниски Острови, Јужните Сендвички Острови, од запад и југозапад се наоѓа Антарктичкиот Полуостров, а од југ и југоисток се наоѓа Антарктичкото копно. Најголемата длабочина измерена во ова море изнесува 5.148 м. Просечната годишна температура на површинскиот слој изнесува помалку од 0 °C, која во длабочините се зголемува. Морето е откриено од англичанецот Џејмс Ведел во 1823, по чие име го добило и морето.

Веделовото море во оваа сателитска снимка на Антарктикот се наоѓа во горниот лев дел, што и се вика „заливот“ на Антарктикот.
Веделово Море

Поврзано уреди