Вајтстон (англ. Whitestone) е еден од главните новозеландски производители на сирење сместен на Јужниот новозеландски остров. Вајтстон прават околу дузина специјализирани сирења, од кои најпознато е Вајтстонското Бри. Други видови кои се призведуваат се Ваитаки Камембер, Вајтстоун Фармхаус, Виндзор Блу, Моераки Беј Блу, Манука Фета и четири видови на овчи сирења (како Монте Кристо).

Сирења од палетата на Вајтстон

Седиштето на фирмата е во Оамару, а името го добила по варовникот познат како Оамаруански камен кој се експлоатира локално. Фирмата е горда на своите сосема органски производи, без никакви адитиви и добиток одгледуван на пасишта.

Надворешни врски уреди