Ватикански музеи (италијански: Musei Vaticani) — една од најголемите музејски установи од овој вид во светот, каде се изложени уметнички дела од огромната збирка собрана од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во XVI век, односно во 1506 година. Систинската капела и Рафаеловите одаи (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.

Ватикански музеи
Musei Vaticani
Карта
Основан1506
МестоВатикан
Посетеност4.310.083 (2008[1])
ДиректорАнтонио Паолучи
Мреж. местоПортал

Во 2007 година, музеите ги посетиле 4.310.083 луѓе[1].

Основање уреди

 
Скалила во Ватиканските музеи.

Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до базиликата „Голема Богородица“ во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Од тоа време изложбата постојано се проширувала.

Ликовна галерија уреди

Збирката најпрвин била сместена во Домот на Борџија, а во времето на Папа Пиј XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.

Збирка на современа религиозна уметност уреди

Збирката на современа религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Кирико.

Скулптури уреди

Една група на музеи претставуваат само скулптури:

Музеј на Пиј и Клемент уреди

 
Новото крило на музејот

Папа Клемент XIV го основал овој музеј во 1771 година и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папа Пиј VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.

Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадна“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.

 
Авуст од Прима порта.

Музеј Кјармонти уреди

Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пиј VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.

Грегоријански Етрурски музеј уреди

Основан е од папата Грегориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и збирката „Гулјеми“.

Египетски музеј уреди

Основан е од папата Грегориј XVI и има голема збирка на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата збирка „Граси“ и познатата „Книга на мртвите“.

Други експонати уреди

 
Галеријата на географски карти.
На последната недела од секој месец посетата на Ватиканските музеи е бесплатна. Поради тоа луѓето чекаат со часови. Но, и во редовни денови редиците пред музејот се долги и се чека и по еден час.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Dossier Musei 2008 - Touring Club Italiano“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-17. Посетено на 2008-11-01. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „touring.it“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски уреди

Координати: 41°54′23″N 12°27′16″E / 41.90639° СГШ; 12.45444° ИГД / 41.90639; 12.45444