Валенсија (автономна заедница)

Валенсија (катал. Comunitat Valenciana; шпан. Comunidad Valenciana) e автономна заедница во Шпанија, сместена на источниот дел од Пиринејскиот Полуостров, на брегот на Средоземно Море. Составена е од покраините Аликанте, Кастељон и Валенсија. На север граничи со Каталонија и Арагон, на запад со Кастиља-Ла Манча и Арагон, на југ со Мурсија. Зафаќа површина од 23.255 км2 и има 4,7 милиони жители. Главен град е Валенсија.