Бутаритари (кирибатски: Butaritari), претходно познат како Макин, Пит, Таритари или Тачинг, е атол во Кирибати. Атолот е дел од островската група Гилбертски Острови.

Сателитска снимка на атолот.
Карта на Бутаритари.
Поврзаноста на Танимајаки и Кеуеја.
Карта на Гилбертовите Острови.

Географија уреди

Бутаритари се наоѓа југоисточно од Макин. Бутаритари бил наречен Макински Атол од Американската Армија, додека Макин бил познат како Макин Меанг или Мал Макин. Бутаритари има површина од 13.6 км2 и население од 4.200 жители според податоците од 2002 година. Просечната ширина и должина на островот е 30, односно 15 километри. Поголем дел од гребенот од кој е составен атолот е под вода и поделен е на неколку канали. Во близина на атолот има неколку многу мали островчиња. Лагуната на атолот е многу отворена и истата е длабока. Бикати и Бикатиета се помалите острови кои се наоѓаат во северозападниот дел од атолот, додека поголемиот е Бикати. Главното село на атолот е Бутарутари и има население од 2000 жители.

Населени места уреди

Бутаритари е дом на следните населени места: Бутаритари, Кеуеа, Танимајаки, Кума и Текабетете.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

3°10′04″N 172°49′33″E / 3.16778° СГШ; 172.82583° ИГД / 3.16778; 172.82583