Буна е река во Босна и Херцеговина, лева притока на Неретва, во која се влева околу 15 km низводно од Мостар. Долга е 9 km. Продолжува од карстни извори Бунице, кои се наоѓаат под стрмните делови на варовничката област на Рудин и од изворите под варовничките делови во Благај. Богата е со вода 39 м3/s. Најголем водостој има во ноември, а најнизок во јули и август. На Буна се наоѓаат мрестилишта на рибите од видот пастрмка. Околината е погодна за земјоделство, особено овошје, зеленчук и винова лоза. На самиот извор кој се избива од длабоките пештери во Благај се наоѓаат стари дервишки текии кои уште во 1664 година ги поминал патописецот Евлија Челебија.

Буна
Местоположба
Физички особености
УстиеНеретва близу селото Буна
Должина9 км
Особености на сливот

Галерија уреди

Поврзано уреди