Бруцелите се кратки, стапчевидни бактерии од родот Brucella. Овие грамнегативни и аеробни бактерии се присутни во мочниот и половиот тракт на кравите, овците и свињите. Преносот на луѓе е редок, бидејќи во повеќето земји млечните производи се пастеризираат. Името е во чест на британскиот воен хирург Дејвид Брус.

Бруцели под светлосен микроскоп, обоени по Грам.

Со ДНК анализите денес е утврдено присуство на само еден вид - Brucella melitensis со неколку биовариетети. Сепак, во практиката денес најчесто се користи старата систематика, при што биовариететите се сметаат за посебни видови на бруцели.

Бруцелоза уреди

Бруцелозата се добива со директен контакт со заразени животни или индиректно преку контаминирана храна (особено непастеризирано млеко). Патогенот навлегува преку мукусните мембрани и се востановува во фагоцитите (микро- и макрофагите). Преку нив се пренесува во лимфните јазли, црниот дроб, слезенката, коскената срцевина и други ткива каде се формира гранулом. Од овие места бактериите можат да се прошират во крвта (хематогено распространување). Се јавува треска проследена со настинка. Со пролиферацијата на бактериите во крвта се стимулираат цитокините.

Видови (според стара систематика) уреди