Пулата е официјалната валута во Боцвана. Кодот ISO 4217 за валутата е BWP и е поделена на 100 тебе. Пула во превод значи „дожд“ на цвана. Дождот во државата е редок поради пустината Калахари и затоа е ценет. Пула исто така е национално гесло на државата, а „тебе“ значи „штит“. Зборот „пула“ исто така значи благослов.

Боцванска пула
ISO 4217
КодBWP
Составници
Подединица
 1/100тебе
СимболP
Банкноти10, 20, 50, 100 и 200 пули[1]
Монети5, 10, 25, 50 тебе, 1, 2, 5 пули
Демографија
Офиц. корисници Боцвана
Неофиц. корисник/ци Зимбабве[2]
Издавач
Централна банкаБанка на Боцвана
 Мреж. местоwww.bankofbotswana.bw
Вредност
Инфлација8,4%,12,5% (CIA World Factbook, 2008 est.)
 ИзворБанка на Боцвана, 19 февруари 2008
 НачинCPI

Историја уреди

Пулата била воведена во 1976 година и го заменила јужноафриканскиот ранд. Иако во мај 2005 година се забележала девалвација од 12%, пулата сепак е една од најјаките валути во Африка.

Зимбабве уреди

Поради големата хиперинфлација во Зимбабве во 2006 и 2008 година, владата на Зимбабве одлучила да го повлече зимбабвеанскиот долар од оптек. Со тоа се овозможило пулата и рандот да циркулираат во државата, а покрај нив дозволени се и американскиот долар, фунтата и еврото.


Тековен девизен курс на BWP
Од Google Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR
Од Yahoo! Финансии: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR
Од XE.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR
Од OANDA.com: MKD AUD CAD CHF EUR GBP HKD JPY USD ZAR

Наводи уреди

  1. „Accessed 2009-09-02“. Banknotenews.com. Архивирано од изворникот на 2011-12-19. Посетено на 2011-11-28.
  2. Покрај зимбавеанскиот долар, кој е суспендиран од употреба на 12 април 2009, еврото, американскиот долар, фунтата, пулата и јужноафриканскиот ранд се користат во државата. Владините трансакции се одвиваат во американски долари.
  • Schön, Günter und Gerhard, Weltmünzkatalog 1900–2010, 39. Auflage, 2011, Battenberg Gietl Verlag, ISBN 978-3-86646-057-7

Поврзано уреди

Претходник:
Јужноафрикански ранд
Причина: основање на нова валута
Валута на Боцвана
1976 –
Следбеник:
Моментална