Пол Дејвид Хјусон (англиски: Paul David Hewson, роден на 10 мај 1960), со прекар Боно Вокс, е пејач на ирската рок група U2.

Боно

Животопис уреди

Пол е второто дете на Боби и Ајрис Хјусон. Брат му, Норман е поголемиот, израснал во Даблин, Ирска, неговиот татко Боби е католик, мајка му Ајрис - протестантка, одгледан е со силна религиозна вера како член на Ирската црква. По принцип, кога го прашуваат каков би се нарекол - католик или протестант, Боно вели: „Секогаш сум се чувствувал и како двете“. Опишуван од Боби како „премногу иритирачко дете“, Пол уште од мал си освоил името на расеано дете, поради што и пријателите и семејството му лепат прекарот „антихристот“. А всушност во тоа време Пол бил само еден од оние ентузијастички, но непрактично и ѓаволски љубопитни млади, кои гледаат светот преку розови очила, а потоа пак прашуваат што се виделе.

На петнаесет годишна возраст Пол доживеал голема двојна загуба, кога мајка му умира за време на погребот на татко му и (овој инцидент со кој многу обожаватели и писатели шпекулираат, можеби е и причината за тврдиот карактер на Боно). Многу песни, особено од раните листа („I Will Follow“, „Out of Control“, „Tomorrow“) се однесуваат токму за овој период од неговиот живот.

Непосредно по овој тежок момент во животот, Пол се определува за музиката и свирењето на гитара. Воодушевен бил од музиката на групите како Ти Рекс, Тин Лизи и Рамонс. Во гимназијата природната дарба на Пол да дрдори и чувствата кон театарот му дозволиле да експериментира во сите видови уметнички средини. Пол посетувал општообразовен курс на училиштето Мауна Темпл (англиски: Mount Temple Comprehensive School), што е прво училиште од таков вид со мешана протестантска и католичка вера во Даблин. Токму таму за првпат Пол го добил прекарот си „Боно Вокс од О'конел Стрит“, кој неговиот пријател од училиште Гавин Фрајдеј му го дал. Тој пак го видел во продавница како гледа слушни помагала на улицата „О` Конел“ во ирската престолнина, од брендот Bona Vox, што во превод од латински значи „добар глас“. Боно Вокс, сепак буквално значи „гласот на добриот човек“. Во 1976 година Пол одговорил на оглас, пуштен од Лари Мелен Јуниор за формирање на музичка група. На истиот оглас се пријавиле и Дејв Еванс (Еџ), Дик Еванс (кој наскоро ја напуштил групата) и Адам Клејтон. Четворицата основале група која нарекуваат Feedback, потоа го промениле името во The Hype и конечно се одлучиле за U2. Првично Боно пеел, свирел на гитара и ги пишувал текстовите. Но, откако Дејв Еванс станал подобар гитарист, Боно почнува да се занимава само со вокал, иако често свири на акустична гитара и хармоника.

Боно со Хорст Келер, директор на Меѓународниот монетарен фонд, подоцна претседател на Германија. Боно се оженил за училишната љубов, Алисон „Али“ Стјуарт, на 21 август 1982 година. Пејачот во неколку наврати во интервју напоменал дека неговата работа во U2 и врската со Алисон започнале во исто време. Тој со Али има четири деца - Џордан (1989 година), Мемфис Ив (1991), Илајџа Боб Патришс Гуги Кју (1999) и Џон Ејбрахам (2001).

Во 1992 година, заедно со гитаристот на U2 Дејв, Боно го купил даблинскиот хотел со две ѕвездички „Кларенс“ со тогашните му 70 соби и го претворил во хотел од четири ѕвездички со 49 соби, кој брзо стекнал репутација како еден најпрестижните и најлуксузни хотели во градот.

Во 1984 година Боно станува портпарол на „Нетејд“ - непрофитна организација, која ги обучува младите како да се борат со сиромаштијата. Од 1999 година учествува и во повеќето програми за укинување на долговите на Третиот свет, како и за проблемите во Африка, привлекувајќи на своја страна голем дел од холивудски ѕвезди и шоумени. Во мај 2002 година Боно патува заедно со американскиот министер за финансии Пол О′Нил на четиридневната турнеја во Африка. Истата година Боно основал организација на име „DATA“ (англиски: Debt, AIDS, Trade in Africa), која се занимава токму со овие проблеми. Целта на организацијата е да фокусира вниманието на јавноста врз двата најголеми проблеми во Африка - сидата и шверцот, како и неверојатно нискиот економски развој.

На денот на стапување на должност на канадскиот премиер Пол Мартин, Боно настапил со говор, во кој бара поголема помош и гаранции за сиромашните африкански држави во проблемот со глобалната криза. Но политиката на премиерот речиси не посветила внимание на кризата. На средбата со претседателот на САД Џорџ Буш издејствувал огромна донација од американскиот претседател за помош во земји од третиот свет. Боно забележал дека тоа бил навистина еден нов и важен чекор на посветеноста во врска со овие огромни проблеми на човештвото.

Во декември 2005 година Боно се нашол на насловната страница на Тајм како еден од „добрите Самарјани“ заедно со Бил и Мелинда Гејтс.
Боно Вокс е оженет со Хјусон, која ја запознал кога тој имал 16 а таа 15 години, а шест години подоцна, тие стапиле во брак. Во чест на нивната љубов, тој ја напишал песната „Sweetest Thing“.[1]

Мисли уреди

  • "Сонувај на глас"
  • "Музиката може да го менува светот, бидејќи може да ѓи менува луѓето"
  • "Ако музичари и активисти работат навистина заедно, ќе можеме да ѓи победиме силите на економијата и коорпорациите."
  • "Се надевам дека мојата работа како активист ќе биде заборавена. Зашто се надевам дека овие проблеми ќе исчезнат засекогаш."
  • "Ова музиката е толку необично нешто. Со неа разговараме со Господ, или пак воопшто не зборуваме со Него. Дури и ако не веруваме во Него.
  • Тогаш нека тоа е јазик на душата. Ако поверуваш дека надвор од телото имаш душа, која живее повеќе од твоето тело, ако навистина има душа, тогаш музиката е она што ја буди. Мојата дефинитивно ја будат, и тогаш почнуваш да разбираш и комуницираш на друго ниво. "
  • "Разликата помеѓу поп и рок-музиката е дека поп ве тера да поверуваш дека се е во ред, а рокот - дека ништо не е во ред, но можеме да го исправиме"

Наводи уреди

  1. „Боно од „У2“ ја опеа сопругата, Мерил Стрип со ист човек 35 години“, Дневник, година XIX, број 5800, 26 јуни 2015, стр. 21.