Бозовце

село во Општина Тетово

Бозовце (албански: Bozofci или Bozovcë) — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Бозовце е село од збиен вид, со тесни и стрмни улички.[2]

Бозовце

Бозовце во 2023 година

Бозовце во рамките на Македонија
Бозовце
Местоположба на Бозовце во Македонија
Бозовце на карта

Карта

Координати 42°3′11″N 20°49′41″E / 42.05306° СГШ; 20.82806° ИГД / 42.05306; 20.82806
Општина Тетово
Население 174 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28004, 28504
Бозовце на општинската карта

Атарот на Бозовце во рамките на општината
Бозовце на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Бозовце е сместено во долината Лешница на Шар Планина. Бозовце и неговиот атар се наоѓаат на западниот раб на Општина Тетово. На исток граничи со селото Вешала и неговиот атар. Растојанието помеѓу Бозовце и Вешала е 2 км по пат. На југ граничи со Општина Боговиње, поточно со атарите на селата Јеловјане, Урвич и Ново Село. На запад граничи со Република Косово.

Историја уреди

Стопанство уреди

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 56,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 3.559,4 ха, шумите заземаат површина од 1.123,5 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 506,8 ха. Селото има мешовита земјоделска функција.[3]

Согласно 2022 година, Бозовце има места кои нудат угостителски услуги со традиционално подготвена храна.[4] Селото има продавница, согласно 2020 година.[5]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948695—    
1953759+9.2%
1961837+10.3%
19711.092+30.5%
19811.053−3.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.012—    
2002924−8.7%
2021174−81.2%

На крајот од XIX век Бозовце е албанско село во Тетовската каза на Османлиското Царство. Според статистикате од 1900 г. „Бозовци“ е село, неселено од 330 жители Арнаути муслимани.[6]

Според статистиките од 1929 година, селото споменато како Бозовец припаѓало во Селечката општина со средиште во Шипковица и има 73 куќи со 472 жители Албанци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]

Во 1961 година селото броело 837 жители, од кои 754 биле Албанци и 64 жители Турци, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.012 жители, од кои 998 се Албанци и четири жители Турци.

Според пописот од 2002 година селото има 924 жители, од кои 1 Македонец, 921 Албанец и 2 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 137 Албанци, 1 останат и 36 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 695 759 837 1.092 1.053 0 1.012 924 174
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови: уреди

Како најстари албански родови во селото Бозовце се споменуваат двата рода: Алиалар (25 куќи) и Укалар (25 куќи). По потекло се од Љума (во денешна северна Албанија), а овде живеат од почетокот на XIX век.[15]

Бозовце е албанско село по народност.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Доселеници: Алилар (25 к.), Укалар (25 к.) доселени се од Љусна во денешна северна Албанија; Чајан (11 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Велки (16 к.) доселени се од селото Топојане во Љума, северна Албанија; Стрезњан (12 к.) доселени се од местото Стреза во Малесија, северна Албанија; Одалар (7 к.) доселени се од местото Орѓуше во северна Албанија; Фанци (9 к.) доселени се од Фанде во северна Албанија, таму биле католици, и имаат роднини, католици; Брајче (10 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија.[16]

Општествени установи уреди

 
ПОУ „Беса“.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2085 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 957 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости уреди

Џамијата во 2023 година (видео).
Природни облици

На два километра од селото се наоѓаат познатите Шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол.

Храмови
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „с. Бозовце – Долна Лешница – Кривошијски Водопад“. turnimedakinisam.mk. Архивирано од изворникот 2023-07-28. Посетено на 28 јули 2023.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 33.
  4. „Бозовце: Нова гастро дестинација“. kajak.mk. 31 декември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-02. Посетено на 28 јули 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Бозовце: Заборавено од локалните власти, селото забрзано се празни“. meta.mk. 13 март 2020. Архивирано од изворникот 2020-03-30. Посетено на 28 јули 2023.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  7. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-06-22.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 11 стр.
  16. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  17. Сенад Зилбехари (5 март 2023). „ОУ „Беса" се преместува во Мала Речица – во Вешала и Бозовце порано имаше 400 ученици, сега има само 25“. tv21.tv. Архивирано од изворникот 2023-03-07. Посетено на 28 јули 2023.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски уреди