Бобан Грнчаров

Македонски фудбалер

Бобан Грнчаров (роден на 12 август 1982 во Скопје, Југославија) — поранешен македонски фудбалер и репрезентативец на Македонија кој во моментов е тренер на фудбалскиот клуб Вардар.[1] Грнчаров играл на позицијата среден бек.

Бобан Грнчаров
Лични податоци
Полно име Бобан Грнчаров
Роден на 12 август 1982(1982-08-12)(41 г.)
Роден во Скопје, СФР Југославија
Висина 1.93 м
Позиција Среден бек
Младинска кариера
Вардар Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2000 Вардар Вардар 4 (0)
2000–2003 ОФК Белград ОФК Белград 53 (2)
2003–2007 Металург Донецк Металург Донецк 29 (1)
2006–2007Стал Алчевск Стал Алчевск 19 (1)
2007–2009 Гент Гент 20 (3)
2008–2009Макаби Петах Тиква Макаби Петах Тиква 31 (2)
2009–2011 АПОЕЛ АПОЕЛ 43 (8)
2011–2012 Лирс Лирс 29 (2)
2012–2013 Ботев Пловдив Ботев Пловдив 45 (3)
2014 Таврија Таврија 8 (0)
2014–2018 Вардар Вардар 104 (11)
Репрезентација
2001–2014 Македонија Македонија 34 (1)
Тренер на екипи
2022– Вардар Вардар
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 2 мај 2018
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 30 мај 2014

Клупска кариера уреди

Грнчаров својата фудбалска кариера ја започнал во Република Македонија во клубовите Вардар и Работнички. Во 2001 година се преселил во Србија каде што играл сè до 2003 во клубот ОФК Београд.

Во 2003 година тој направил трансфер во Украина во екипата на Металург Донецк. Во вториот дел од сезоната 2006/07 заиграл на позајмица за клубот Стал Алчевск. Во 2007 година потпишал за белгискиот клуб Гент, каде во 20 натпревари постигнал три гола. Следната сезона бил позајмен на израелскиот Макаби Петах Тиква.

Во летото 2009 година, одборот на кипарскиот шампион АПОЕЛ објавил дека Грнчаров потпишал двегодишен договор со клубот. Во првата сезона на Кипар, тој го освоил суперкупот на Кипар постигнувајќи гол во финалето, како и одиграл четири натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Следната сезоната тој бил еден од клучните играчи на клубот, и покрај тоа што сите натпревари ги играл како централен одбранбен играч - постигнал 6 погодоци (сите со глава) помогнувајќи му на клубот да го освои кипарското првенство. Во мај 2011 година Грнчаров го напуштил клубот бидејќи не успеал да се договори за потпишување нов договор поради финансиски причини.

На 5 јули 2011 година, Грнчаров потпишал едногодишен договор со белгискиот клуб Лирс. По една помината сезона во Белгија, на 3 јули 2012 година, Грнчаров потпишал тригодишен договор со бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.

Кариера во репрезентативниот дрес уреди

Првиот натпревар во дресот на македонската фудбалска репрезентација, Грнчаров го одиграл на 21 август 2002 година, во победата од 5-0 против Малта. За македонската репрезентација тој одиграл вкупно 34 натпревари и постигнал еден гол, а исто така бил и капитен на репрезентацијата во три наврати. Својот единствен гол го постигнал на 9 септември 2009 година во Осло против Норвешка.

Личен живот уреди

Грнчаров потекнува од спортско семејство, неговиот татко, Атанас Грнчаров, исто така бил фудбалер кој поминал десет сезони во Вардар, а неговиот брат, Тони Грнчаров, е поранешен кошаркар и македонски репрезентативец.[2]

Постигнувања уреди

  АПОЕЛ
  Вардар

Наводи уреди