Блумфонтејн (Bloemfontein) е еден од трите главни градови на Јужноафриканската Република, заедно со Преторија и Кејптаун. Името на овој град произлегува од истоимениот холандски збор кој значи "фонтана од цвеќиња". Блумфонтејн служи како судски главен град, како и седиште на покраината Фристејт. Името на градот на јазикот сото е Mangaung, што значи "местото каде што живеат Читасите". Џ.Р.Р. Толкин е роден во Блумфонтејн на 3 јануари 1892 г.

Панорама на Блумфонтејн

Локација уреди

Градот се наоѓа на сув предел, со надморска височина од 1.395 м. Блумфонтејн е дом на 369.568 жители, додека општината Мангаунг има 645.455 жители. Блумфонтејн има и свој аеродром. Во 1890 година беше изградена железница која го поврзува овој град со Кејптаун.

Историја уреди

Во 1899, градот бил местото каде се одвивала блумфонтејнската конференција, која не успеа да ја спречи Англо-Бурската војна.

На 13 март 1900 година, за време на Англо-бурската војна, британските сили го освоиле градот и изградиле концентрационен логор кадешто ги чувале бурскитежени и деца. На 45.000 жени и деца (вклучувајќи 17.000 црнци) кои умреле во овие логори им е оддадена почит од народниот женски паметник.

Јужноафриканскиот народен конгрес (АНК - сегашната владеачка партија) бил основан за да ги брани правата на црнечкото мнозинство на 8 јануари 1912 во Блумфонтејн, а ги вбројувал и Џон Дјуб (првиот претседател на конгресот) и поетот и автор Зол Плаатје меѓу неговите први членови.

Клима уреди

Блумфонтејн се наоѓа во централна ЈАР, на јужниот раб на Хајвелд, на возвишение од 1400 m. Градот граничи со полусувиот регион Кару. Областа е главно рамнина со неколку ритчиња, а општата вегетација е претставена со хајвелдска трева. Како резултат на високото возвишение и оддалеченоста од морето, Блумфонтејн има континентална клима со жешки летни денови (Јан.: max:31 °C min:15 °C) и попладневни грмежи и студ, суви зими, а често и мраз (Јули: max:17 °C min:-2 °C).

Родно место на уреди

-Џ.Р.Р. Толкин-британски писател