Битката кај Поатје или Битката кај Тур се одвила на 10 октомври 732 година. Во оваа битка Карл Мартел и неговата војска и нанеле тежок пораз на муслиманските Умајади кој биле предводени од Абдул Рахман. Во битката Абдул Рахман бил убиен. Муслиманската војска претходно ги имала заземено Бордо и Бургундија. Со овој пораз, муслиманите ја завршиле својата инвазија во Западна Европа и се повлекле кон јужниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Постојат различни проценки за бројот на армијата на Франките. Се смета дека била од 20.000 до 30.000. Таа војска била единствената во Западна Европа која сè уште се држела по пропаѓањето на Западното Римско Царство.

Битка кај Поатје
Дел од the Муслимански освојувања

Битка кај Поатје, во која Карло Мартел војувал против Абдул Рахман
Датум 10 октомври, 732
Место Блиску Тур, Франција
Исход Победа на Франките
Завојувани страни
Каролинска династија Франки Умајади
Команданти и водачи
Карл Мартел Абдул Рахман 
Сила
Поголема од муслиманската армија

(The chronicle of 754).[1]

непознато [2] но се смета околу 80,000
Жртви и загуби
Непознато; 1,500 според христијански извори но се смета дека биле повеќе. Непознато, но се смета околу 10.000 заедно со нивниот водач Абдул Рахман [3]

Муслиманска инвазија уреди

Битката кај Поатје се случила по дваесетгодишната инвазија на муслиманските сили во Западна Европа. Муслиманското владеење започнало во 711 година на чело со Тарик ибн Зијад и неговото преземање на Визиготското кралство. Умајадите биле едни од најсилните војници во тогашно време. На исток, тие го зазеле и денешниот град Синд кој се наоѓа во Пакистан. Нивната империја се простирала започнувајќи од териториите на поранешното Сасанидско Царство, голем дел од Византија до Цариград. Во 720 година ја окупирале Сицилија, во наредните години и Сардинија, Корзика и Балеарските острви.

Каролинската империја на чело со Карло Мартел владеела со поголемиот дел од современа Франција, Западна Германија, Белгија и Холандија. Тој се обидувал да создаде силна држава на тој регион по падот на Западната Римска имеприја.

Маврите на чело со Ал Сам ибн Малик во 719 година успеале да го заземат градот Септимија, а својата престолнина ја преместил во Нарбона веќе следната година. Но, во 721 година тој бил изненаден по неговата Опсадата на Тулуза и нападот на Одо Аквитански, каде му нанел голем пораз а и самиот валија бил смртно ранет, но сепак успеал да побегне. По тој пораз муслиманите продолжиле кон Галија. Во 730 година, Одо Аквитански создал сојуз со берберскиот калиф Утман ибн, владетел на Каталонија притоа давајќи му ја неговата ќерка за негова сопруга. По ова, арапската инвазија во неговата земја престанале. Но по само една година, Абд Ал Рахман застанал на чело на валијата по кое Утман морал да се самоубие а неговата сопруга била испратена во Дамаск. Абд Ал рахман своето внимание го насочил кон Одо Аквитански. Тој од најразлични делови на својот калифат донел огромна војска. Во Битката за Бордо, Одо Аквитански бил поразен, градот опљачкан.

Битка уреди

Подготовка уреди

Арапско-маварската војска била исклучиво изненадена бидејќи во близина на Тур наишла на голема војска која веќе била подготвена за походот. Во продолжение на седум денови двете армии само се посматрале еден на друг. Абд ал рахман чекал да се собере целата му војска, кое се одлагало на повеќепати. Тоа му дава на Карло Мартел да ги собере најсилните војници и великани во неговата империја, знаејќи дека освен тој не постоел друг војсководец кој ќе го спречи напредувањето на муслиманите. Карло Мартел одлучил својата битка да ја започне во формација на фаланга, кое му помогнало да го спречи нападот на арапската коњаница. Никој од двата војсководци не сакал прв да нападне, но сепак тоа прв го сторил Абдул Ал Рахман.

Текот на битката уреди

Абдул Ал Рахман верувал во својата тактика односно со напад на пешадиската војска вооружени со копје и коњаницата си. Но набргу првиот напад бил одбиен од страна на Франките и неговата армија била разбиена во внатрешноста на бојното поле. Франките формирале квадратна формација и на тој начин сакале да го оневозможат почетниот удар на Арапите.

Арапите кои успеале да се пробијат низ квадратот на Франките се обиделе да го убијат кралот, но неговите најблиски гардисти го заобиколиле и го оневозможиле тоа. Мартел испратил армија во позадината на арапските позиции. Тие ги нападнале арапските лагери во кои се наоѓале арапските робови и опљачканите работи. Кога Арапите разбрале дека било земено сè она кое тие го опљачкале во Бордо, тие се повлекле кон своите лагери за да го штитат својот имот. По тоа повлекување, првата линија на муслиманите била разбиена. Франките веднаш повторно се поставиле во формација фаланга, верувајќи дека битката ќе продолжи следниот ден.

Следниот ден уреди

На следниот ден Муслиманите не продолжиле со битката туку се повлекле. Карло Мартел не верувал во нивното повлекување, туку сметал дека муслиманите сакаат да го турнат во заседа или да ја напушти добрата позиција која ја поседувал во текот на битката. Претходната вечер околу во таборот на противникот се одржувал состанок околу наследникот на Абдул Рахман. Во неговата армија имало најразлични нации како Арапи, Маври, Персијци можеби и Евреи. И бидејќи не успеале да се сложат кој да биде водичот кој ќе ги покрене во повторен напад врз позициите на Франките, тие се согласиле да се повлечат.

Карло Мартел му успеало она невозможното, да со пешадијата и без стрела да издвојува победа над коњаница. Во историјата е познат како легендарен генерал.

Последици уреди

Арапите се повлекле преку Пиринеите, а Карло Мартел продолжил со протерувањето на муслиманските војски од Франција. Синот на Одо Аквитански, Хунолд барал независност на Аквитанија. Иако Карло Мартел ја сакал под своја управа, сепак ја признал независноста на Аквитанија.

Арапите продолжиле со поморската инвазија, на чело со Абдул Рахман. Карло Мартел успеал да го врати Авињон и Арл со помош на кралот на Ломбардија. Победата кај Поатје дала можност за елиминирање на Меровинзите и создавање на нова династија, династијата на Каролинзите.

Наводи уреди

  1. Conquerors and Chroniclers of Early Medieval Spain, Translated with notes and introduction by KENNETH BAXTER WOLF.
  2. The earliest Muslim source for this campaign is the Futūh Miṣr of Ibn ʻAbd al-Ḥakam (c. 803-71) — see Watson, 1993 and Torrey, 1922.
  3. Hanson, 2001, p. 141.