Бискајскиот Залив (шпан. Golfo de Vizcaya; фр. Golfe de Gascogne; баск. Bizkaiko golkoa; гаск. Golf de Gasconha), наречен и Кантабриско Морезалив во североисточниот дел на Атлантскиот Океан, јужно од Келтското Море. Се протега од западното крајбрежје на Франција, од Брест) до шпанската граница, и северното крајбрежје на Шпанија, сè до полуостровот Естака де Барес. Заливот го носи името на покраината Бискаја во Баскија (Шпанија).

Карта на Бискајскиот Залив

Просечната длабочина на заливот изнесува 1.744 м, а максималната изнесува 2.789 м.

Географија уреди

 
Плажата во Бијариц
 
Батиметриска карта на Келтското Море и Бискајскиот Залив.

Во заливот длабоко навлегува континенталната плоча, па затоа на многу места водата е релативно плитка. Малата длабочина значи дека морето често е бурно, па поради ова локалните временски услови се меѓу најжестоките во Атлантикот. Зимата се одликува со особено силни бури. Сè до скоро, бродоломите биле вообичаена појава, и тоа со голем број настрадани. Во поново време жртвите се намалени благодарение на напредокот во бродоградбата и метеорологија.

Граници уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Бискајскиот Залив го граничи „линија од ‘ртот Ортегал (43°46′N 7°52′W / 43.767° СГШ; 7.867° ЗГД / 43.767; -7.867) до ‘ртот Панмар (47°48′N 4°22′W / 47.800° СГШ; 4.367° ЗГД / 47.800; -4.367)“.[1]

Реки уреди

Најважните реки што се влеваат во Бискајскиот Залив се:

Поважни градови уреди

Најважни градови на крајбрежјето на Бискајскиот Залив се:

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Граници на океаните и морињата. III издание + исправки“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1971. стр. 42 [исправки за стр. 13]. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)

Координати: 45°05′27″N 3°54′27″W / 45.09083° СГШ; 3.90750° ЗГД / 45.09083; -3.90750