Бир Тавил (арапски: بيرطويل 'висок бунар') е територија во Северна Африка со вкупна површина од 2.060 км2. Територијата се наоѓа на границата меѓу Судан и Египет и ниту една држава не тврди дека територијата е нивна. Според договорот од 1902 година, територијата потпаднала под египетска власт бидејќи луѓето кои паселе стока во регионот живееле всушност во Египет. Во меѓувреме, Халаипскиот триаголник потпаднал под суданска контрола бидејќи племињата од тој регион живееле всушност во Судан. Така, двете држави се бореле за превласт врз поголемиот и поисплатлив регион, а малиот Бир Тавил не станал дел од политичките агенди на државите. Денес регионот е управуван од Египет но не е означен на карта како египетска територија.[1][2]

Бир Тавил
بيرطويل
Ниту една држава не положува суверенитет на територијата.
Ниту една држава не положува суверенитет на територијата.
Бир Тавил
Местоположба меѓу Египет и Судан.
Координати: 21°52′14″N 33°44′14″E / 21.87056° СГШ; 33.73722° ИГД / 21.87056; 33.73722Координати: 21°52′14″N 33°44′14″E / 21.87056° СГШ; 33.73722° ИГД / 21.87056; 33.73722
Државанема
Површина
 • Вкупна2,060 км2 (800 ми2)
Часовен појасEST (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)+3 (UTC)

Географија уреди

Северно од областа е планината Џабал Тавил со надморска височина од 459 м. Источно е Џабал Хаџар аз-Зарка со височина од 662 м. Територијата е една од ретките во светот за која ниту една држава не изјавила дека е нејзина.

Наводи уреди

  1. „Official version of map of Egypt“. Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2013-02-17.
  2. „Egypt“. CIA World Factbook 2010. CIA. 2010.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди