Билирубин

хемиско соединение

Билирубин (порано нарекуван хематоидин) е жолчна боја производ на катаболизам на хемот. Хемот е составен дел на хемоглобинот, главна компонента на еритроцитите. Билирубинот се излачува со жолчката и урината, и покачени нивоа можат да индицираат на поедини болести.

Билирубин
Назнаки
635-65-4 Ок
ChEBI CHEBI:16990 Ок
ChEMBL ChEMBL501680 Ок
ChemSpider 4444055 Ок
3Д-модел (Jmol) Слика
Слика
PubChem 5280352
UNII RFM9X3LJ49 Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Метаболизам уреди

 
Метаболизам на хемот

Неконјугиран („индиректен“) уреди

Еритроцитите (црвените крвни клетки) кои се создаваат во коскената срцевина се отстрануваат во слезината кога тие се стари или оштетени. Таму, тие го ослободуваат хемоглобинот, кој се разложува до хем, а глобинските делови се разложуваат до аминокиселини. Од хемот се добива неконјугиран билирубин во моноцито макрофагниот систем на слезината. Неконјугираниот билирубин е нерастворлив во вода, поради меѓумолекулските водородни врски. Тој се врзува со албуминот од крвта и се транспортира до црниот дроб.

Конјугиран („директен“) уреди

Во црниот дроб билирубинот се конјугира со гликуронска киселина, под дејство на ензимот гликуронилтрансфераза, при што тој станува растворлив во вода; конјугираниот билирубин често се нарекува „директен“ билирубин. Голем дел од него оди во жолчното ќесе, а оттаму во тенкото црево. Иако повеќето жолчни киселини се ресорбираат во терминалниот илеум и учествуваат во ентерохепатичната циркулација, конјугираниот билирубин не се апсорбира и преминува во колонот.[1]

Бактериите од цревната флора го ослободуваат билирубинот од гликуронидите и го метаболизираат до безбоен уробилиноген, кој може да се оксидира и да формира уробилин и стеркобилин: кои ја даваат карактеристичната кафена боја на столицата. Мал дел (~1%) од уробилиногенот се ресорбира во ентерохепатичната циркулација и повторно се екскретира со жолчката: а делумно стигнува до бубрезите, и ја дава жолтата боја на урината.[2]

Нивоа во крвта уреди

Нивото на билирубин во организмот се должи на рамнотежата на неговото создавање и неговата екскреција. Резултатите од крвните тестови секогаш треба да се толкуваат во споредба со референтниот опсег даден од лабораторијата каде се изведува тестот. Типичниот опсег за возрасни изнесува[3]:

  • 0-0.3 mg/dl - Ниво на директен (конјугиран) билирубин
  • 0.1-1.2 mg/dl - Ниво на вкупен серумски билирубин

Наводи уреди

  1. Cheifetz, Adam S. (2010). Oxford American Handbook of Gastroenterology and Hepatology. Oxford: Oxford University Press, USA. стр. 165. ISBN 0199830126.
  2. Kuntz, Erwin (2008). Hepatology: Textbook and Atlas. Germany: Springer. стр. 38. ISBN 978-3-540-76838-8.
  3. MedlinePlus Encyclopedia 003479