Бејби, мора да заврне

Бејби, мора да заврне е американска драма, филм од 1965 година во кој главната улога ја толкува Стив МекКвин, а режијата е на Роберт Малиган. Драматургот Хортон Фут, кој го напишал сценариото, дејството го засновал на неговата драма "Дамата која патува“ (The Travelling Lady)[1].

„Бејби, мора да заврне“
Филмски плакат
РежисерРоберт Малиган
ПродуцентРоберт Малиган
Ален Џ. Пакула
СценаристХортон Фут
Главни улогиЛи Ремик
Стив МекКвин
МузикаЕлмер Бернштајн
КинематографијаЕрнест Ласло
МонтажаАрон Стил
ДистрибутерКолумбија Пикчрс
Премиерајануари 15 1965 (1965-01-15) (САД)
Времетраење100 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски

Содржина уреди

Жоржет Томас и нејзината шестгодишна ќерка Маргарет Роуз патуваат до еден мал град на југот од Тексас за да се сретнат со нејзиниот сопруг Хенри Томас, кој е пуштен од затвор по отслужување на казната за убиство на човек при една тепачка. Хенри е неодговорен рокабили пејач и гитарист.

Тој се обидува да направи дом за своето семејство, но Кејт Досон, стара немажена девојка која го одгледала откако му починале родителите, и понатаму е сериозно присутна во неговиот живот и се обидува да ги спречи неговите напори, заканувајќи се да го врати во затвор ако тој не ги исполни нејзините барања. Кога жената конечно ќе умре, Хенри во пијана состојба го уништува нејзиниот имот и го сквернави нејзиниот гроб. Тој се враќа во затвор, а Жоржет и Маргарет Роуз го напуштат градот со локалниот шериф Слим.

Улоги уреди

  • Стив МекКвин како Хенри Томас
  • Ли Ремик како Жоржет Томас
  • Дон Мјуреј како шерифот Слим
  • Џорџија Симонс како Кејт Досон
  • Пол Фикс како судијата Јуинг
  • Жозефин Хачинсон како госпоѓа Јуинг
  • Рут Вајт како Мис Клара
  • Чарлс Вотс како г-дин Тилман
  • Керој Вејзи како г-ѓа Тилман
  • Естел Хемсли како Кетрин, помошничка во домот на Кејт Досон
  • Кимберли Блок како Маргарет Роуз Томас
  • Зама Канингем како г-ѓа Т.В. Смит, старата дама во автобусот
  • Џорџ Дан како касиер во ресторанот

Продукција уреди

Филмот е сниман на локации во градовите Беј Сити, Колумбус, Локхарт и Вартон во државата Тексас.

Насловната музичка нумера, што ја компонирал на Елмер Бернштајн, а текстот го напишал Ерни Шелдон, ја изведува Глен Јарбрoу за време на најавната шпица на филмот. Песната на Јарбрoу стигнала до 12 позиција на Билборд Хот 100 (Billboard Hot 100).

Наводи уреди

  1. Variety. Film review, January 13, 1965.

Надворешни врски уреди