Бескиди (полски: Beskidy, чешки: Beskydy, словачки: Beskydy, русински: Бескиды, украински: Бескиди) — традиционален назив на низа планини кои се наоѓаат во североисточна Чешка, северозападна Словачка, јужна Полска и западна Украина.

Западните Бјешчади, дел од Бескидите

Бескидите се протегаат околу 600 km во должина и 50–70 km во ширина. Започнуваат од Моравија кај Моравската Брана, продолжуваат на север од Татрите и завршуваат во Украина. Источната граница на Бескидите претставува предмет на спор: според постари извори, ова е изворот на реката Тиса, а според понови извори Бескидите завршуваат кај преминот Ушок на полско-украинската граница. Името на највисоката планина зависи од тоа како се дефинира источната граница на Бескидите. Највисокиот врв на западниот дел од Бескидите е Бабја Гора која се наоѓа на полско-словачката граница.

Голем дел од Бескидите се дел од Надворешните Западни Карпати. Ниските Бескиди и Бјешчадите кои се наоѓаат на исток од нив се дел од Источните Карпати.

Се смета дека името „Бескиди“ е од тракиско или илирско потекло. Бескидите се богати со шуми и јаглен. Во минатото овие планини изобилувале со железна руда, со значајни железарници во Острава и Тржинец - Трижинечката Железарница.

Бескидите содржат бројни туристички атракции, меѓу кои и стари дрвени цркви и сè попопуларните скијачки центри.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

49°25′N 20°15′E / 49.417° СГШ; 20.250° ИГД / 49.417; 20.250