Бел Дрим (албански: Drini i Bardhë) — една од двете реки со чие спојување настанува реката Дрим во Албанија. Другата река е Црн Дрим. Тие две се спојуваат во североисточна Албанија кај градот Кукуш.

Бел Дрим
Местоположба
Физички особености
Устие42°5′30″N 20°23′41″E / 42.09167° СГШ; 20.39472° ИГД / 42.09167; 20.39472Координати: 42°5′30″N 20°23′41″E / 42.09167° СГШ; 20.39472° ИГД / 42.09167; 20.39472
Должина175 км
Особености на сливот

Должината на Бел Дрим изнесува 175 км (156 во Косово и 19 во Албанија). Реката извира во подножјето на планината Жлеб во Пеќскиот округ, северно од градот Пеќ. Реката потоа тече преку Ѓаковскиот округ и Призренскиот округ во Албанија. Во почетниот дел на течението, реката е понорница која се појавува како силен извор и водопад со висина од 25 метри во близина на Радовац. Изворот на реката во подножјето на Русолија се наоѓа на надморска височина од 580м, а котата на местото на спојување со Црн Дрим е на 240,8 метри.

Реката, на исток тече покрај Пеќската бања, а потоа потоа ги прима водите од притоката Источка река и течението оди кон југ. Останатиот дел од течението поминува низ доста плодната и густо населена област Подримље. Необично е тоа што на самата река не се наоѓаат големи градови. Најголемото место по течението на Бел Дрим е областа Клина.

Бел Дрим има многу значајни притоки: Пеќска Бистрица, Дечанска Бистрица и Ереник од десна стрна, а Источка река, Клима, Мируша, Римник, Топлуга и Призренска Бистрица од левата страна.

Сливот на Бел Дрим зазема површина од 4,360 км2 во Косово. Албанскиот дел од сливот има површина од 604км2. Во овој дел на реката не постајат населени места, а реката тука ја прима левата притока Плавска река која доаѓа од областа Гора. Течението на самата река не е пловен.

Вештачкото хидроакумулационо езеро Фјерза го има поплавено брегот по целокупното течение на реката низ Албанија, како и дел од течението во Косово.

Литература уреди