Белоопашест свиркач

вид птица
Белоопашест свиркач
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Пескарки
Вид: Белоопашест свиркач
Научен назив
Calidris temminckii
(Leisler, 1812)
Синоними[2]

Erolia temminckii

Белоопашестиот свиркач или сива пескарка (науч. Calidris temminckii) — мала крајбрежна птица од семејството на мочварките (науч. Scolopacidae), родот на пескарките (науч. Calidris). Се среќава и во Македонија.

Со перја во сезона на парење
Со перја вон сезона на парење

Распространетост уреди

Вообичаеното живеалиште, односно место на размножување на белоопашестиот свиркач е тајгата во арктичка северна Европа и Азија. Живее во јужна Скандинавија и повремено во Шкотска. Таа е типична птица преселничка која зимува крај слатководните површини во тропска Африка, Индискиот Полуостров и делови од југоисточна Азија. Не е многу дружељубива птица и не формира големи јата.

Опис уреди

Белоопашестиот свиркач е малечка птица, долга 13,5-15 см, сличен по големина на малиот свиркач, само имаат пократки нозе и подолги крилја од него. Нозете му се жолти, за разлика од темните нозе на малиот свиркач и надворешните пердуви на опашката му се бели, а на малиот сиви. Ова е прилично бледа птица, со обични кафени пердуви одозгора и на главата, и бела во долниот дел, со малку потемна боја на градите. Во сезоната на размножување возрасните имаат посветли шарки на мантијата, но повторно имаат безличен изглед. Зимно време личат на речната тринга, само што се помали, односно имаат сивкави пердуви одозгора. Се огласуваат со гласно вибрирачко свиркање. Имаат карактеристичен лебдечки лет.

Размножување уреди

Белоопашестите свиркачи имаат многу интересен систем на размножување. Мажјаците и женките инкубираат две гнезда истовремено, односно, мажјаците зафаќаат една територија и заедно со женката го создаваат првото гнездо со јајца. Обично несат 3-4 јајца. Потоа женката прави ново гнездо и го лежи самата таа. Исторвремено, мажјакот се пари со друга женка која создава ново гнездо на неговата територија. Мажјакот, пак, останува да го инкубира првото гнездо, од првата женка.

Исхрана уреди

Овие птици пасат во меката кал со вегетација јадејќи она што им е на дофат, а најчесто инсекти и други безрбетници. Се хранат, како и другите слични видови, и со мали глодачи. На овие птици се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Calidris temminckii. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. Calidris temminckii на Avibase