Белокрила рибарка

Белокрила рибарка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Рибарки
Род: Chlidonias
Вид: Белокрила рибарка
Научен назив
Chlidonias leucopterus
(Temminck, 1815)

Белокрилата рибарка, (или белокрила црна рибарка) (науч. Chlidonias leucopterus) е мала рибарка која често се среќава близу слaтки води низ цела југоисточна Европа и на исток сè до Австралија. Порано ја имало и во Македонија.

Опис уреди

Возрасните птици, летно време имаат кратки црвени нозе и краток црн клун (мал и набиен, 22-25 мм, значително помал од главата), црн врат (често светлосив одзади) и стомак, многу темносив грб, бело под опашката и светлосива, речиси бела опашка. Лицето делува жолтеникаво. Крилјата, како што кажува името, се претежно бели. Внатрешноста на крилјата се сивкави со кафеави врвови на покривните пердуви. Вон сезоната на парење, црното е заменето со бело или светлосиво, иако некои црнкави пердуви може да останат измешани со белите долни делови. Доста црно останува на покривните пердуви одоздола. Главата е црна со бело чело. Круната е црнкавокафеава прошарана со бело, а подолу кај вратот е црнкава со повеќе бело. Овие бели прошарувања се кај возрасните со зимско перје. Тогаш имаат и триаголна црна дамка пред окото. Кај младенчињата и птиците што се митарат под опашката е светлосиво кое станува сосема сиво подоцна во годината. Јасно белата јака и задница ја изолираат темната мантија.

Хибридизација со црната рибарка уреди

Хибридизацијата на овој вид со црната рибарка е забележано во Шведска [2] и Норвешка.[3] Две малденчиња во Англија, во септември 1978 и септември 1981, исто така, се верува дека биле хибридни форми зашто покажувале измешани одлики од двата вида, особено комбинацијата на темна мантија (како кај белокрилата) со темни дамки на страните од градите (карактериситика на црната).[4][5]

Распространетост и живеалиште уреди

Живеалиштето при размножување на белокрилата рибарка се слатководните бари низ југоисточна Европа до централна Азија. Тие обично гнездат на пловечки растенија во самата вода или на земја многу блиску до водата, каде несат 2-4 јајца во гнездото изградено од мали трски или друга вегетација. Тие се птици преселници кои зимуваат во Африка, јужна Азија и Австралија. Понекогаш заскитуваат во Северна Америка, претежно на атлантскиот брег, но забелеажни се и на тихоокеанскиот брег, како и во копното во областа крај Големите Езера.

 
Во Уганда
 
Chlidonias leucopterus

Поведение уреди

Како другите барски рибарки, (Chlidonias), и за разлика од белите (Sterna) рибарки, овие птици не нуркаат во лов на риба, туку летаат полека над водата и собираат инсекти од површината или ги ловат во лет. Претежно се хранат со инсекти и мали риби. Во лет, овие птици изгледаат подебело. Замавнувањето со крилјата им е плитко и лежерно.

Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици преселници се однесува и на белокрилата рибарка.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Chlidonias leucopterus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. (шведски) Alexandersson, H. (1979) En hybridisering mellan vitvingad tärna Childonias leucopterus och svarttärna Childonias niger på Öland 1978 Calidris 8: 151-53
  3. (холандски) Van IJzendoorn, E. J. (1980) Broedgeval van Zwarte Childonias niger × Witvleugelstern C. leucopterus Dutch Birding 2: 62-65
  4. Vinicombe, Keith (1980) Tern showing mixed characters of Black Tern and White-winged Black Tern British Birds 73(5): 223-25
  5. Davis, A. H. (1980) Tern showing mixed characters of Black and White-winged Black Tern British Birds 75(12): 579-80

Надворешни врски уреди