Бајерсброн (герм. Baiersbronn) — општина и гратче во округот Фројденштат во покраината Баден-Виртемберг, јужна Германија. Местото се наоѓа во областа Шварцвалд, на реката Мург. Иако е мало, местото е прочуено по неколкуте првокласни ресторани, наградени со Мишленови ѕвездички.

Бајерсброн
Бајерсброн-Обердорф
Бајерсброн-Обердорф
Бајерсброн-Обердорф
Грб на Бајерсброн
Бајерсброн во рамките на Германија
Бајерсброн
Управа
Земја Германија
Покраина Баден-Виртемберг
Адм. подрач. Карлсруе
Округ Фројденштат
Градоначалник Норберт Бек (ДХС)
Основни податоци
Површина 189,70 км2
Надм. височина 584 м
Население 14.667 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 77 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FDS
Пошт. бр. 72270
Повик. бр. 07442, 07447, 07449
Портал www.gemeinde-baiersbronn.de
Координати 48°30′21″N 8°22′16″E / 48.50583° СГШ; 8.37111° ИГД / 48.50583; 8.37111

Бајерсброн административно се дели на следниве девет села:

  • Бајерсброн
  • Фридрихстал
  • Хуценбах
  • Клостеррајхенбах
  • Мителтал
  • Обертал
  • Рет-Шенегринд
  • Шенминцах-Шварценберг
  • Тонбах

Во неговиот сегашен облик, Бајерсброн е образуван во 1960-тите и 1970-тите со здружување на пет општини. Главната стопанска гранка во местото е туризмот.

Бајерсброн е збратимен со Мидхерст во Западен Сасекс, Англија. Позначајна знаменитост во регионот е Рајхенбашкиот приорат, средновековно манастирско здание во Клостеррајхенбах.

Ресторани уреди

Во 2007 ресторанот „Барајс“ (Bareiss) на Клаус-Петер Лумп станал вториот угостителски објект во Бајерсброн кој има заработено три Мишленови ѕвездички. Соседниот ресторан „Шварцвалдштубе“ (Schwarzwaldstube) на Харалд Волфарт добил три ѕвездички во 1993 г.

Галерија уреди

Наводи уреди

Оваа статија содржи информации од Википедија на германски.
  1. „Општини во Германија по површина, население и поштенски број на 30 септември 2016 г.“. Сојузна статистичка служба на Германија. 2016. (германски)