Барним
Барним (германски: Barnim) — округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) Полска, округот Меркиш-Одерланд, сојузната покраина Берлин и окрузите Горен Хафел и Укермарк.
Барним | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Бранденбург | ||
Седиште | Еберсвалде | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1,494 км2 (577 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 187.343 | ||
• Густина | 130/км2 (320/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | BAR | ||
Мреж. место | www.barnim.de/ |
Историја уреди
Името „Барним“ се појавило во 13 век и се однесувало на големата шумска област источно од Хафел и северно од Шпре, каде благородниците оделе да ловат. Сегашниот округ е приближно ист, но малку помал, со оваа историска област.
Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Бернау и Еберсвалде.
Географија уреди
Барним се протега од реката Одра до предградијата на Берлин. Реката Одра ја создава источната граница. Оттука водат Каналот Одра-Хафел (ги поврзува Одра и Хафел) и историскиот Финовски Канал до Еберсвалде и натаму. Деловите северно од овие вештачки водни патишта се наречени Шорфхајде. Ова е шумска област со неколку големи езера, како Вербелинско Езеро (8 км2), Гримницско Езеро (8 км2) и Парштајнско Езеро (10 км2). Шорфхајде е биосферен резерват на УНЕСКО, каде се наоѓаат ретки животни како белоопашестиот орел, големиот орел кликач, орелот-рибар, црниот штрк, дабарот и видрата.
Грб уреди
Градови и општини уреди
Слободни градови | Општински заедници | |
---|---|---|
|
||
1седиште на општинската заедница;2град |
Поврзано уреди
Наводи уреди
Надворешни врски уреди
Енциклопедијата Британика 1911 на Викиизворот има текст поврзан со „Барним“. |
- Барним на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)