Бандско Море

море

Бандското Море е топло море што ги заплискува бреговите на Молучките Острови во Индонезија, порано познати и како „Зачински Острови“. Морето низ протоци меѓу различни архиепелази е поврзано со повеќе соседни мориња, вклучувајќи ги Молучкото Море, на север, и Арафуското Море, на југоисток. Жителите на овие острови с— уште одгледуваат зачински растенија, како каранфилче и морско оревче, исто како и овошје, кокосов орев и тапиока.

Локацијата на Бандското Море