Банана-држава

(Пренасочено од Банана република)

Банана-држава — погрден поим за мала, често латиноамериканска или карипска држава која е политички нестабилна, зависна од земјоделието и владеена од мала, богата и корумпирана клика која е на власт благодарение на поддршката, воена и економска, на САД. Во поширока смисла, поимот „банана-држава“ може да се примени надвор од назначениот регион за секоја земја чија надворешна и внатрешна политика е зависна од надворешни фактори.

Изразот банана република првпат е измислена во 1901 година од американскиот писател О. Хенри (Вилијам Сидни Портер)

Автор на терминот „банана држава“ е американскиот хуморист О. Хенри, кој него го употреби мислејќи на Хондурас, познат по своето производство на банани и по доминацијата на неговото производство на банани од американските компании „Јунајтед фрут“ и „Стандард фрут“. Овие компании доста често се мешаат во внатрешните работи на Хондурас со цел на власт да биде гарнитура која ќе делува во корист на нивните деловни интереси.

Поврзано уреди

Наводи уреди