Бакау (романски: Judeţul Bacău) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Бакау, а значајни градови се и Обешти и Тергу Очна.

Округ Бакау
Bacău
Грб
Местоположба на округот Бакау во Романија
 
Покраина Молдавија
Седиште Бакау
Население 706.623 (2002)
Површина 6.606 km2
Густина на населеност 113/km2
ISO 3166-2 шифра RO-BC
Мрежно место www.csjbacau.ro

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Црквата „Св. Никола“ во главниот град на округот, Бакау

Округот Бакау е копнен округ во Романија. Окружен е:

Релјеф уреди

Бакау се наоѓа во регионот Молдавија. Округот се простира по средишниот дел од течението на реката Серет. Во западниот дел од округот се издигаат Карпатите, а во остатокот од округот е нивното подножје. Во јужниот дел од округот течезначајната река Тортуш.

Демографија уреди

Округот спаѓа во групата окрузи во Романија, во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат повеќе од 96% од населението во округот. Сепак овој округ е специфичен по тоа што во него живее специфичната унгарска етничка заедница Чанго, кои сочинуваат 0,7% од населението. Од останатото население, најбројни се Ромите.

Надворешни врски уреди