А сега, нешто сосема различно

А сега, нешто сосема различно (англиски: And Now For Something Completely Different) е првиот долгометражен филм на британската комичарска група Монти Пајтон. Се состои од одбрани и преработени скечеви од првите две сезони на телевизиската серија Летечкиот Циркус на Монти Пајтон.

„А сега, нешто сосема различно“
ДВД обвивка на А сега, нешто сосема различно
РежисерЈан МекНотон
ПродуцентПатришта Кејси
СценаристГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Главни улогиГреам Чепмен
Џон Клиз
Тери Гилијам
Ерик Ајдл
Тери Џонс
Мајкл Палин
Керол Кливленд
Кони Бут
Лесли Џад
МузикаДаглас Гемли
Фред Томлинсон
Мајкл Палин
Тери Џонс
КинематографијаДејвид Мјур
МонтажаТом Нобл
ДистрибутерColumbia Pictures (САД)
Премиера28 септември 1971[1]
22 август 1972
Времетраење85 минути
ЈазикАнглиски
Буџет£80,000 Приближно ($100,000)
ПретходенЛетечкиот Циркус на Монти Пајтон
СледенМонти Пајтон и Светиот Грал

Фразата од насловот е преземена од тогашните информативни емисии на Би-Би-Си кога следната емисија, водителот најчесто ја најавувал како нешто сосема различно, макар што често голема разлика не ни постоела меѓу прилозите. Питоновците ја преземаат фразата за да ја искористат во своите скечеви; нејзината употреба ја доведуваат до апсурд: водителот во бизарни ситуации неретко кажува реплика од типот на: "А сега, нешто сосема различно – човек со магнетофон во носот!". Филмот ја исмева фразата и преку самата употреба во својот наслов, бидејќи самиот филм се состои од веќе видени скечеви во серијата Летечкиот Циркус на Монти Пајтон, често поврзани со анимациите на Тери Гилијам. Скечевите ги вклучуваат овие ситуации:

  • Читање на лажен унгарски речник со низа непристојни изрази.
  • Здодевен странец му поставува непристојни прашања на еден човек во бар за неговата жена.
  • Експедиција на Килиманџаро, чиј водач пати од неразбирливо ментално пореметување.
  • Музикални стаорци.
  • Најсмешната шега на светот која поради својата моќ се користи како воено оружје.
  • Измамен купувач се обидува да врати мртов папагал во продавница.
  • Песната на дрвосечачот.
  • Драма во ресторан откако еден гостин пријавува валкана виљушка.
  • Незадоволен сметководител што сака да стане скротувач на лавови.
  • ТВ емисија што се занимава со уценување на пошироката јавност.
  • Богати идиоти кои се натпреваруваат за титулата Богат идиот на годината.

Филмот бил идеја на Виктор Лаунс, кој во текот на снимањето предизвикал неколку недоразбирања, барајќи неговото име да биде изрезбано во камен како и на членовите на групата; Тери Гилијам на крајот го прифатил ова, но затоа имињата на другите членови ги напишал поинаку. Филмот е снимен со буџет од само 80.000 фунти.

Не поминува многу добро во кината: британската публика веќе го имала гледано понудениот материјал, а на американската, не ѝ бил интересен британскиот хумор; критиките исто така биле различни. Во САД филмот поминува подобро при своето второ прикажување, откако Летечкиот Циркус на Монти Пајтон почнал да се прикажува на американска телевизија. Со време популарноста му расте и денес, како и голем дел од другите Пајтоновски проекти, има култен статус.

Наводи уреди

  1. McCall, Douglas (2013-11-12). Monty Python: A Chronology, 1969-2012, 2d ed. p18. McFarland. ISBN 9780786478118.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Монти Пајтон  
Членови Греам ЧепменЏон КлизТери ГилијамЕрик АјдлТери ЏонсМајкл Палин
Филмови и ТВ серии Летечкиот циркус на Монти Пајтон  • А сега, нешто сосема различно  • Монти Пајтон и Светиот Грал  • Житието на Брајан според Монти Пајтон  • Монти Пајтон во живо на Холивуд Боул  • Смислата на животот