Ацтечки рушевини (САД)

Националната знаменитост „Ацтечки рушевини“ (англ. Aztec Ruins National Monument) е зачувано археолошко наоѓалиште со рушевини од културата на индијанскиот народ Пуебло во северозападно Ново Мексико, САД, кај гратчето Ацтек и североисточно од местото Фармингтон, близу реката Анимас. Недалеку од ова место на југ се наоѓаат итн. Салмонови рушевини и културно-историски парк, со други стари рушевини од оваа култура. Најблиско населено место до овие рушевини е Блумфилд, близу реката Сан Хуан.

Национална знаменитост Ацтечки рушевини
Местоположбаокруг Сан Хуан, Ново Мексико, САД
Површина1,28 км²
Изграден1100
Посетеност39.538 (во 2007)
УправаСлужба за национални паркови на САД
Дел од:Национален историски парк на културата Чако
Тип:Историски реон
Прогласено:15 октомври, 1966[1]
Број66000484
Прогласено:24 јануари 1923
Ацтечки рушевини (САД) is located in Ново Мексико
Ацтечки рушевини (САД)
Местоположба на Национална знаменитост Ацтечки рушевини во Ново Мексико

Градбите датираат од XI и XIII век. Кон средината на XIX век, со доаѓањето на првите американски доселеници, овие рушевини погрешно им биле припишани на Ацтеките.

Првото наоѓалиште е прогласено за Национална знаменитост на САД на 24 јануари 1923, а во 1928 г. е променета границата за да го опфати и второто наоѓалиште. Сопственик на местата е Службата за национални паркови, која на 15 октомври, 1966 наоѓалиштето го завела во Националниот регистар на историски места на САД. На 8 декември, 1987 УНЕСКО го прогласува наоѓалиштето за светско наследство, како дел од поголемиот Национален историски парк на културата Чако.

Наводи уреди

  • The National Parks: Index 2001–2003. Washington: U.S. Department of the Interior.
  1. „Информативен систем на Националниот регистар“. Национален регистар на историски места. Служба за национални паркови на САД. 13 март 2009. Архивирано од изворникот на 2007-08-14. Посетено на 2010-05-03. (англиски)

Надворешни врски уреди