Астрономски мерни единици

Астрономски мерен систем (формално наречен Систем на астрономски константи на МАС (1976) — мерен систем за изразување на величини во астрономијата. Усвоен е во 1976 г. од страна на Меѓународниот астрономски сојуз (МАС или IAU),[1] и оттогаш има претрпено мошне мали измени.

Системот е осмислен како решение за потешкотиите што се јавуваат при мерењето и изразувањето на астрономските податоци во меѓународниот систем на мерни единици (SI). Од особена важност е огромното количество на мошне прецизни податоци за местоположбата на објектите во рамките на сончевиот Систем што не може лесно да се изразат со SI-единици. По пат на разни измени, астрономскиот мерен систем денес ги зема превид последиците од општиот релативитет, што е неопходен додаток на SI-системот за точно работење со астрономски податоци.

Астрономскиот мерен систем е тридимензионален систем, т.е. со неговите единици се утврдува должина, маса и време. Во прилог на ова постојат астрономски константи со кои се определени појдовните точки на наодите од набљудувањата. Овој систем е обичаен систем, каде единиците за должина и маса не се вистински физички константи, а покрај ова постојат и барем три начини ма мерње на времето.

Астрономска единица за време уреди

Астрономската единица за време е денот, кој се дефинира како 86400 секунди. Една јулијанска година се состои од 365,25 дена.[1] За оваа единица се користи симболот D.

Астрономски единици за маса уреди

Астрономската единица за маса е сочневата маса.[1] За оваа единица се користи симболот S, но напати се среќава и M. Сончевата маса (M), 1,98892⋅1030 кг, е стандарден начин на изразување на маса во астрономијата кога сакаме да ги претставиме масите на други ѕвезди и галаксии. Таа е еднаква на масата на Сонцето, за 332.950 пати поголема од масата на Земјата или 1.048 пати поголема од масата на Јупитер.

 

Единици за маса вон МАС уреди

Ова не се единици по SI или МАС, но сепак наоѓаат примена во астрономијата.

Јупитерова маса уреди

Јупитеровата маса (MJ, MЈУП или MJUP) е единица за маса едканва на вкупната маса на планетата Јупитер, 1,8986⋅1027 кг. Јупитеровата маса се користи за изразување на масите на гасовитите џинови како вонсончевите и надворешните планети. Се користи и за кафеави џуџиња.

 

Земјина маса уреди

Земјината маса (M) е единица за маса еднаква на онаа на Земјата. 1 M = 5,9742 ⋅ 1024 кг. Земјината маса се користи за изразување на масите на карпести земјовидни планети. Една Земјина маса е 0,00315 пати масата на Јупитер.

 

Истоветни планетарни маси
Сончева маса
Сончева маса 1
Јупитерови маси 1.048
Земјини маси 332.950

Астрономска единица за должина уреди

Астрономската единица за должина е должината за која Гаусовата константа за гравитација (k) има вредност од 0,017 202 098 95 кога мерните единици се астронмски единици за должина маса и време.[1] Димензиите на k2 се оние на гравитациската констата (G), т.е. L3M−1T−2. За должината A се користи поимот „единица растојание“, но во поширока употреба е зборот „астрономска единица“. Симболот е ае, AU, au или ua.

Според друга дефиниција, астромонската единица е полупречникот на непопречена кружна Њутнова орбита на една честичка околу Сонцето со бесконечно мала маса, со средно движење од 0,017 202 098 95 радијани дневно.[2] Оваа единица е приближно еднаква на растојанието од Земјата до Сонцето.

Други единици за астрономско растојание уреди

Астрономски растојанија Единици
Растојанија на сателити километри
Растојанија на околуземјени објекти месечева единица
Планетарни растојанија астрономски единици, гигаметри
Растојанија на блиски ѕвезди парсеци, светлосни години
Растојанија во галактички размери килопарсеци
Растојанија на блиски галаксии мегапарсеци

Растојанието на пооддалечените галаксии обично не се наведува во единици за растојание, туку се изразува во црвено поместување. Ова се должи на две причини. Една е фактот што претворањето на црвено поместување во растојание бара претходно познавање на Хабловата константа, која не е точно измерена сè до почетокот на XXI век. Друга причина е тоа што кога работиме со космолошки растојанија, поради закривеноста на простор-времето може да важат повеќе разни дефиниции за растојание. На пример, растојанието може да се изрази како времето што му е потребно на сноп светлина за да пропатува дадено растојание, но ова ќе се разликува од растојанието што се определува преку привидна големина на еден објект.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Решение бр. 10 од XVI Генералното собрание на Меѓународниот астрономски сојуз, Гренобл, 1976 (француски)
  2. Меѓународно биро за тегови и мерки (2006), Меѓународен систем на мерни единици (SI) (PDF) (VIII. изд.), стр. 126, ISBN 92-822-2213-6 (англиски).

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди