Ариети (借りぐらしのアリエッティ, Kari-gurashi no Arietti, буквално "Позајмувачката Ариети") е јапонски анимиран фантазиски филм од 2010 година во продукција на Студио Гибли, заснован на фантазискиот роман The Borrowers од англиската писателка Мери Нортон. Гласовите ги позајмуваат Мираи Шида, Рјуносуке Камики и Тацуја Фуџивара.

„Ариети“
РежисерХиромаса Јонебајаши
ПродуцентТошио Сузуки
Главни улогиМираи Шида
Рјуносуке Камики
Шинобу Отаке
Кеико Такешита
Тацуја Фуџивара
Томоказу Миура
Кирин Кики
МузикаСесил Корбел
КинематографијаАцуши Окуи
МонтажаРие Мацубара
СтудиоСтудио Гибли
Премиерајули 17 2010 (2010-07-17) (Japan)
Времетраење94 минути
ЗемјаЈапонија
ЈазикЈапонски
Буџет$23 милијони
Бруто заработка$126,368,084

Филмот беше објавен на 17 јули 2010 во Јапонија и го означува режисерското деби на Студио Гибли-виот аниматор Хиромаса Јонебајаши - најмладата личност да режира филм на Гибли, иако продукцијата беше стално надзирана од основачот на Гибли - Хајао Мијазаки.

Кратка содржина уреди

Шо се сели во куќата на неговата тетка каде наскоро го открива присуството на мали луѓе, Позајмувачите. 14-годишната позајмувачка Ариети се стреми да се докаже себеси на тој начин што му помага на татко си да соберат материјали од новиот дом на Шо кои се потребни на нејзиното семејство. Но на своето прво „позајмување“ Ариети е невнимателна и заради тоа нејзиното присуство е по вторпат забележано од Шо. Кај Позајмувачите владее правило дека не смеат да бидат видени од луѓе, затоа наскоро родителите на Ариети одлучуваат дека е време за селење. Со цел да го замоли Шо да не ја вознемирува неа и нејзиното семејство Ариети се покажува на Шо и го крши правилото кое владее во нејзиниот мал свет. Како што пријателството меѓу двајцата се развива, човечка рамнодушност го загрозува животот на Позајмувачите. Ариети и Шо соработуваат и се обидуваат да го заштитат начинот на живот на Позајмувачите.

Улоги уреди

  • Ариети — Мираи Шида;
  • Шо — Рјуносуке Камики;
  • Хомили — Шинобу Отаке;
  • Садако Маки — Кеико Такешита;
  • Спилер — Тацуја Фуџивара;
  • Под — Томоказу Миура;
  • Хару — Кирин Кики;

Музика уреди

Музиката за филмот е компонирана од француската (бретонска) музичарка Сесил Корбел која ја издаде главната мелодија именувана Arrietty's Song (Песната на Ариети) на јапоснки, англиски и француски.

Студио Гибли дознале за Корбел преку писмо кое им го испратила и во кое им кажала за својата љубов кон нивните филмови. Откако го слушмале CD-то што им го испратила во истото писмо, се одлучиле да ја задолжат за компонирање на музиката за нивниот следен филм.

Надворешни врски уреди