Аргинин

хемиско соединение

Аргининот (со ознаки Arg или R) е една од дваесетте најчести природни аминокиселини. Нејзините кодони се CGU, CGC, CGA, CGG, AGA и AGG. Кај цицачите, аргининот се класифицира како полуесенцијална или условно есенцијална аминокиселина, во зависност од развојниот стадиум и здравствената состојба на единката. Младите единки не се во можност да ги подмират потребите за оваа аминокиселина, па затоа аргининот е есенцијален во исхраната на децата. Аргининот бил изолиран најпрво од екстракт од семе на лупинво 1886 од страна на швајцарскиот хемичар Ернст Шулце.

L-аргинин
Назнаки
74-79-3 Н
ChemSpider 227
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 6322
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Структура уреди

Аргининот се состои од 4 јаглероден алифатичен прав ланец, чиј краен дел е поврзан за комплексна гванидинска група. Таа е позитивно наелектризирана во неутрална, кисела, па дури и најалкална средина, што ги отсликува основните биохемиски својства на аргининот. Поради конјугацијата помеѓу двојната врска и осамените електронски парови на азотот, позитивниот полнеж е делокализиран, што овозможува формирање на повеќе водородни врски.

Физиолошка улога уреди

Аргининот игра важна улога при клеточната делба, зараснувањето на раните, екскрецијата на амонијакот од телото, имуната функција и ослободувањето на хормоните. Во комбинација со проантоцијанидини или јохимбин, аргининот помага при ерективна дисфункција.

Придобивките од оралната ингестија на L-аргининот се:

  • Тој е претходник за синтеза на нитричен оксид
  • Стимулација за ослободување на најважниот антистареечки хормон - хормонот за раст
  • Подобрување на имуната функција
  • Убрзување на залечувањето на повредите (особено коски)
  • Го редуцира ризикот од срцево заболување
  • Ја зголемува мускулната маса
  • Го намалува поткожното масно ткиво
  • Помага при подобрување на чувствителноста на инсулин
  • Го намалува крвниот притисок
  • Го зголемува производството и подвижноста на сперматозоидите кај мажите
  • Ја зголемува циркулацијата низ телото, вклучувајќи ги и половите органи.