Априлската војна е име за германската инвазија (кодно име Директива 25) на Кралството Југославија на 6 април 1941 година [1]. Оваа операција го означи почетокот на Втората светска војна во Југославија. Нападот е направен по копнен пат, од неколку правци. Германски, италијански и унгарски војници навлегле на територијата на Југославија од Италија, Австрија (тогаш дел од Третиот рајх), Унгарија, Романија и Бугарија. Тешко е бомбардиран Белград. Во исто време започнал германскиот напад на Грција со кодно име Операција Марита. Војната завршила во 17 април 1941 година со капитулација, окупација и поделба на Југославија. На кралското семејство и некои претставници на Владата отишле во егзил во Британија.

Инвазија на Југославија
Дел од Балканската кампања во Втората светска војна

Настапување на германските сили во текот на Априлската војна
Датум 6 – 18 април 1941
Место Југославија
Исход Победа на силите на Оската
  • Окупација на Југославија
  • Поделба на Југославија меѓу силите на Оската
Завојувани страни
Сили на Оската  Југославија
Команданти и водачи

Извори уреди

  1. Shirer, William L., The Rise and Fall of the Third Reich: A History of Nazi Germany, Simon and Schuster, 1990 ISBN 0-671-72868-7, page 824