Пенински Алпи (римска провинција)

римска провинција

Пенински Алпи (латински: Alpes Poeninae, исто така позната како и Alpes Graiae) — римска провинција, една од трите такви покраини во западните Алпи, помеѓу денешните Италија и Франција. Наречена е по венецот Пенински Алпи на тоа подрачје.

Пенинските Алпи обележани со црвено.

Покраината се протегала во границите на денешните региони Валета д'Аоста (Италија) и кантонот Вале (Швајцарија). Најсилно месно племе во покраината биле Саласите. Територијата им била заземена од императорот Октавијан Август во 15 г. п.н.е. Главен град на покраината бил Аоста (Augusta Praetoria Salassorum).

Поврзано уреди

Литература уреди

  • Ливи Ab Urbe Condita, 20.