Антонио да Сангало Помладиот

Антонио да Сангало Помладиот (италијански: Antonio da Sangallo il Giovane), роден Антонио Кордијани (Antonio Cordiani; 12 април 1484 - 3 август 1546) — истакнат италијански архитект од времето на ренесансата.

Црквата Санта Марија ди Лорето близу Трајановиот пазар во Рим, ремек-дело на Сангало
Палацо Фарнезе, Рим

Животопис уреди

Сангало е роден во Фиренца. Дедо му Франческо Џамберти бил дрводелец, додека неговите чичковци Џулијано и Антонио да Сангало биле познати архитекти.

Како мало дете Сангало отишол во Рим, каде станал ученик на Донато Браманте, чиј стил внимателно го следел сета своја кариера. Најголемиот дел од животот го провел во Рим каде работел, меѓу другото и на многу нарачки од неколку папи. Неговото најсовршено постоечко дело е неговата црква од цигла и травертин Санта Марија ди Лорето, здание забележливо по големата убавина на пропорциите, и севкупниот благороден ефект постигнат кој произлегува од едноставност. Долниот ред е квадратен, додека следниот е осумаголен; целата градба ја краси убава купола со висок фенер (кој е подоцнежен додаток). Внатрешноста е мошне импресивна, земајќи ги предвид скромните димензии.

Антонио исто така ја конструирал грандиозната црква Сан Џовани деи Фјорентини, започната од Јакопо Сансовино. Источниот дел од величествено се издига од коритото на реката Тибар, близу мостот на Светиот Ангел (Ponte Sant'Angelo); западниот крај е оштетен со подоцнежното додавање на друга фасада, но ентериерот претставува благороден пример за еден помалку здодевен стил. За успешната изградба на оваа црква архитектот покажал голема вештина и знаење, со тоа што објектот е изграден делумно на цврстиот кеј на променливиот песок во речното корито. Антонио ја изградил и Павловата капела (Cappella Paolina) и други делови од Ватикан, заедно со додатоците на ѕидовите и утврдувањата во Лавов Град (Civitas Leonina). Неговото најбогато украсено дело е долниот дел на дворот на Палацо Фарнезе, подоцна довршена од Микеланџело Буонароти. Ова е многу богато украсен и пропорционално изработен пример за тогашниот омилен дизајн - низа сводови помеѓу припоени полустолбови кои го потпираат первазот, аранжман преземен од надворешноста на Колосеумот.

На улицата Вија Џулија се наоѓа палата која Сангало ја изградил за себеси, денес под името Палацо Сакети. За жал таа е изобличена од многуте преправки низ времето.

По грабежот на Рим (1527) Сангало работел претежно во други градови, главно како воен архитект: меѓу другото го проектирал утврдувањето на градот Анкона. По нарачка од папата Климент VII, со исклучителна досетливост, во Орвјето Сангало прокетирал и извел многу длабок бунар (62 м) засечен во карпа, изработен со својно спирално скалиште, налик на Саладиновиот бунар во тврдината во Каиро.

Антонио често соработувал со брат му Џовани Батиста да Сангало. Двајцата заедно работеле на многубројни проекти, со тоа што Џовани Батиста имал улога на мерач и геометар.

Одбрани дела уреди

Белешки уреди

Наводи уреди

  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски уреди