Антонио Грамши (италијански: Antonio Gramsci; 22 јануари 1891 - 27 април 1937) — италијански писател, политичар, политиколог, филозоф, социолог и лингвист. Тој бил еден од основачите и некогашен водач на Комунистичката партија на Италија и бил затворен од страна на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

Антонио Грамши
Роден(а)22 јануари 1891
Алес, Сардинија, Италија
Починал(а)27 април 1937
Рим, Лацио, Италија
Школамарксизам
Претежна дејност
политика, идеологија, култура
Значајни идеи
културна хегемонија

Грамши бил еден од најважните марксистички мислители на XX век. Тој е забележлива фигура во модерната европска мисла и неговите дела го анализираат културното и политичко раководство. Тој е познат по неговата теорија за културна хегемонија, која објаснува како државите ги користат културните институции за да ја задржат моќта во капиталистичките општества.

Живот уреди

Младост уреди

Грамши е роден во Алес, на островот Сардинија, како четврто дете од седумте синови на Франческо Грамши (1860–1937) и неговата сопруга Џузепина Марчас (1861–1932). Таткото на Грамши бил по потекло од Арберешите, додека мајка му потекнувала од месните земјопоседнички семејства. Финансиските потешкотии на стариот Грамши, и проблемите со полицијата, го принудиле семејството да се преселува во повеќе села во Сардинија, додека конечно не се населиле во Гиларца.

Во 1898 година Франческо бил осуден за проневера и затворен, доведувајќи го своето семејство во крајна беда. Младиот Антонио морал да го напушти школувањето и да работи привремено до ослободувањето на неговиот татко во 1904 година. Како момче, Грамши страдал од здравствени проблеми, особено од малформации на ‘рбетот, кои ќе го запрат неговиот раст и ќе го остават сериозно грбав. Со децении, се сметаше дека неговата состојба била поради несреќа (повреда) во детството - конкретно, откако бил оставен кај некоја дадилка - но од неодамна се смета дека била поради Pott disease (екстрапулмонална туберкулоза), форма на туберкулоза која може да предизвика деформитет на ‘рбетот. Грамши исто така бил погоден од разни внатрешни нарушувања во текот на својот живот.

Грамши завршил средно училиште во Каљари, каде што престојувал со својот постар брат Џенаро, поранешен војник, чие време на копното од него беше направил социјалистички милитант. Сепак, симпатиите на Грамши тогаш не лежеле на социјализмот, туку на поплаките од осиромашените сардински селани и рудари. Тие ја сфатиле нивната негрижа како резултат на привилегиите уживани од брзо индустријализираниот Север, и биле склони да се свртат кон сардинскиот национализам како одговор.

Торино уреди

Во 1911 година, Грамши добил стипендија да студира на Универзитетот во Торино. Во Торино, тој читал литература и вистински се заинтересирал за лингвистиката, која ја студирал под менторство на Матео Бартоли. Грамши бил во Торино за време на индустријализацијата, со фабриките на „Фиат“ и „Ланча“, регрутирајќи луѓе од посиромашните региони. Почнале да се појавуваат првите индустриски социјални проблеми и во тоа време се основале и синдикатите. Грамши влегол во социјалистичките кругови и се состанувал со сардинските емигранти. Како резултат на неговиот светоглед обликуван од обете негови претходни искуства во Сардинија и неговата околина на копното, кон крајот на 1913, Грамши се приклучил во Италијанската социјалистичка партија. Покрај тоа што покажувал голем талент за неговите студии, Грамши го издавале финанскиските проблеми, како и неговото здравје. Во почетокот на 1915, го напуштил образованието, но тоа не наштетило кај него да се зголемува политичката посветеност. Во тоа време, тој се стекнал со широко познавање на историјата и филозофијата. На Универзитетот Грамши дошол во контакт со мислата на Антонио Лабриола, Родолфо Мондолфо, Џовани Џентиле, Бенедето Кроче, веројатно најголемиот широко почитуван италијански интелектуалец во неговото време. Таквите мислители го прифатиле хегелскиот марксизам, на кој Лабриола му го дал името “праксис филозофија”.

 
Универзитетот во Торино

Од 1914 година наваму, текстовите на Грамши за социјалистичките весници, како што е Il Grido del Popolo, му го зголемија угледот на значаен новинар. Во 1916 година станал соуредник на пијемонтското издание на Avanti!, официјалниот орган на Социјалистичката партија. Како плоден писател на политичката теорија, Грамши се докажа како импресивен коментатор, пишувајќи за сите аспекти на социјалниот и политичкиот живот во Торино. Во тоа време, исто така, Грамши беше вклучен во едукација и организација на работниците во Торино: тој зборувал во јавност за првпат во 1916 година и истапил со говор на теми како што е Ромен Ролан, Француската револуција, Париската комуна и еманципацијата на жените. Во пресрет на апсењето на водачите од СП, кое следело по револуционерните немири во август 1917 година, Грамши станал еден од водечките социјалисти во Торино и бил избран за член на Привремениот Комитет и уредник на Il Grido del Popolo.

Во април 1919 година, заедно со Палмиро Тољати, Анџело Таска и Умберто Терачини, Грамши го направил неделниот весник L'Ordine Nuovo. Во октомври истата година, и покрај тоа што се дели во разни непријателски фракции, СП со огромно мнозинство решила да се приклучи на Третата интернационала. Како најблиска на болшевиците според ориентација, гледајќи од страна на Ленин, групата L'Ordine Nuovo ја добила поддршката против анти-парламентарната програма на екстремната левица на Амадео Бордига.

Меѓу различните тактички дебати кои се одржале во рамките на партијата, групата на Грамши била истакната за застапување на работничките совети, кои биле основани спонтано, за време на големите штрајкови во 1919 и 1920 година. За Грамши овие совети биле соодветно средство за овозможување на работниците да ја преземат контролата врз организирање производство. Исто така тој верувал дека неговата позиција во тој момент морала да биде во согласност со Лениновата политика за „Сета моќ на советите”, неговиот став бил нападнат од страна на Bordiga за предавство на синдикалната тенденција под влијание на мислата на Жорж Сорел и Даниел Делеон. До поразот на работниците во Торино, пролетта 1920, Грамши бил речиси сам бранејќи ги советите.

Во Комунистичката партија на Италија уреди

Неуспехот на работничките совети да се развијат во национално движење довело Грамши да верува дека е потребна Комунистичка партија во ленинистичка смисла. На 21 јануари 1921 година, во Ливорно беше создадена Комунистичката Партија на Италија. Грамши бил поддржан против Бордига околу антифашистичка група милитанти „Народни јуришници“ (Arditi del Popolo).

Грамши ќе беше водачот на партијата од самото формирање, но тој не беше подреден на Бордига, чиј акцент на дисциплината, централизмот и чистотата на принципите доминираше во програмата на партијата до губењето на водечката позиција во 1924 година.

Во 1922 година Грамши патува во Русија како претставник на новата партија. Таму ја запознава Јулија Шухт, млада виолинистка, со која Грамши ќе се ожени во 1923 и со која ќе има два сина. Грамши никогаш не го видел својот втор син.

Руската мисија се совпаднала со доаѓањето на фашистите во Италија, и Грамши се вратил со инструкции да помогне, наспроти желбите на раководството на КПИ, обединет фронт на левичарските партии против фашизмот.

Кон крајот на 1922 и почетокот на 1923 година, владата на Бенито Мусолини започнала кампања на репресија против опозициските партии, апсејќи го поголемиот дел на тогашното раководство на КПИ, вклучувајќи го и Бордига. При крајот на 1923 година, Грамши отпатувал од Москва до Виена, каде се обидел да ја оживее партијата растргната од фракциските судири.

Во 1924 година Грамши, сега познат како шеф на КПИ, ги добил изборите како пратеник за Венето. Тој почнал да го организира лансирањето на официјален весник на партијата, наречен L'Unità, живеејќи во Рим, додека неговото семејство било во Москва.

Во 1926 година маневрите на Јосиф Сталин во Болшевичката партија го натерале Грамши да напише писмо до Коминтерната, во кое ја критикува опозицијата предводена од Лав Троцки, но исто така укажува на некои грешки на водачот. Тољати во Москва, како претставник на партијата, го примил писмото, го отворил, го прочитал, и решил да не го доставува. Ова предизвикало тежок конфликт помеѓу Грамши и Тољати, кои тие никогаш не го решиле комплетно.

Затвор и смрт уреди

На 9 ноември 1926 година, фашистичката влада донела нов бран на итни закони, земајќи го како изговор наводниот обид за атентат врз Мусолини неколку дена порано. Полицијата го уапсила Грамши, и покрај неговиот парламентарен имунитет и го одвеле во римскиот затвор.

На судењето, обвинителот на Грамши тврдел, „За дваесет години ние мора да го запреме овој мозок од функционирање“. Тој добил итна казна од пет години во затворот на островот Устика, а следната година добил казна од дваесет години затвор во Тури, близу Бари. Во затвор неговата здравствена состојба се влошила. Во 1932 година, проектот за размена на политички затвореници (вклучувајќи го и Грамши) помеѓу Италија и Советскиот Сојуз не успеал. Во 1934 година тој добил условна слобода од здравствени причини, по посетата на болниците во Чивитавекја, Формија и Рим. Тој починал во 1937 година, во болница во Рим на возраст од 46. Неговата пепел е погребана таму, на протестантските гробишта.

Мисла уреди

Грамши бил еден од најважните марксистички мислители на XX век, а особено клучен мислител во развојот на западниот марксизам. Тој напишал повеќе од 30 тетратки и 3.000 страници за историјата и анализи додека бил затворен. Овие текстови, познати како „Затворски тетратки“, го содржат неговото следење на италијанската историја и национализам, како и некои идеи во марксистичката теорија, критичка теорија и образовна теорија поврзана со неговото име, како што се:

  • Културната хегемонија како средство за одржување и легитимирање на капиталистичката држава.
  • Потребата од популарно работничко образование за да се поттикне развојот на интелектуалците од работничката класа.
  • Анализи на современата капиталистичка држава која прави разлика меѓу политичкото општество, кое доминира директно и присилно и граѓанското општество, каде што раководството се состои од средства за согласност.
  • „[[апсолутен историзам

]]“

  • Критика на економскиот детерминизам кој се противи на фаталистичките интерпретации на марксизмот.
  • Критика на филозофскиот материјализам

Грамши како инспирација во уметноста и во популарната култура уреди

Наводи уреди

  1. Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 90.

Надворешни врски уреди