Андреас Кледен

друмски велосипедист

Андреас Кледен (германски: Andreas Klöden; р. 22 јуни 1975) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој настапувал помеѓу 1998 година и 2013 година.[2] Неговите поголеми достигнувања се бронзениот медал на Олимписките игри во 2000 и второто место на Тур де Франс 2004 и Тур де Франс 2006. Кледен е висок, лесно граден возач со доволно сила да се пласира високо во конечните пласмани на големите трки, но неговите настапи биле проследени со повреди.

Андреас Кледен
Кледен во 2013
Лични податоци
Цело имеАндреас Кледен
ПрекарКледи
Роден22 јуни 1975(1975-06-22)(48 г.)
Митвајда, Источна Германија
Висина1,83 м[1]
Маса63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
1998–2006
2007–2009
2010–2011
2012–2013
Тим Телеком
Астана
Тим РадиоШек
РадиоШек-Нисан
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 ТТТ (2009)

Етапни трки

Париз-Ница (2000)
Трка околу Баскија (2000, 2011)
Тирено-Адријатико (2007)
Тур де Романди (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2004)

Животопис уреди

Кледен е роден во Митвајда во 1975.[3] Пред да стана професионалец, освоил бронзен медал на светското хронометарско првенство во 1996 за возачи под 23 години и две етапи на меѓународната Трка околу Рајнската област-Пфалц во 1997.

Годините во T-Mobile (1998–2006) уреди

Кледен потпишал со Тим Телеком (подоцна T-Mobile Team) во 1998 и во првата негова професионална сезона да го освоил генералниот пласман во Трката околу Долна Саксонија и прологот на Тур де Норманди.[4] Во 1999, освоил етапа во португалската Трка околу Алгарве. Но, првата од неговите успешни сезони доаѓа во 2000, каде по постигнувањето на две важни победи на Париз-Ница и Вуелта ал Паис Васко, го освоил и бронзениот медал на Олимпијадата во Сиднеј, веднаш за Германецот Јан Улрих и Казахстанецот Александар Винокуров, два возачи со кои ќе помине неколку сезони во T-Mobile.

Потоа, доаѓаат три повреди во текот на сезоната, така што не постигнува ниедна победа. Бил принуден да го напушти Тур де Франс 2003 поради фрактура на долниот дел на ’рбетниот столб.[5] 2004 го видел неговата повторно велосипедско раѓање, откако го освоил германското национално друмско првенство и така ја продолжил победничката низа на тимот T-Mobile/Team Telekom, кој започнала уште во 1993 со Бернд Грене на овие првенства. Кледен ја држил неговата висока форма до Тур де Франс, кој почнал една недела подоцна. На таа Трка, која ја започнал како работник за Улрих, не освоил ниедна етапа, но завршил втор во крајниот пласман од Италијанецот Иван Басо во последниот хронометар.[6] Улрих, кому Кледен бил задолжен да го поддржува, завршил четврти таа година, единствениот случај кога завршил надвор од првите тројца на Тур де Франс. Завршувајќи пред Улрих го направило Кледен меѓународно познат и почнале да кружат гласини дека ќе оди во Геролштајнер или Илес Балеарс-Банесто, каде ќе го предводи тимот, но наместо тоа тој остана во T-Mobile со Улрих.

 
Тур 2004: Андреас Кледен по втората етапа до Намур

Во сезоната 2005, освоил етапа на Bayern-Rundfahrt. Кледен како си совозачите Улрих и Винокуров се сметале за предводниците во конечниот пласман на Тур де Франс 2005, со Улрих како најсилен од нив. Кледен придонел за тимскиот успех на T-Mobile во трката, каде Улрих завршил трет, а Винокуров петти. На осмата етапа во Возегите, тој го нападнал последниот врв од тој ден на половина пат и освоил бодови, достигнувајќи го предводникот на етапата Питер Вининг на врвот. На патот до целта во Герадмер, го загубил спринтерскиот крај во најтесниот крај на Трката на сите времиња - (9,6 милиметри или 0,0002 секунди).[7] Подоцна, се повлекол од Трката на 17.а етапа во Ревел, откако имал несреќа во текот на 16. и скршил коска на неговата десна рака.

На Тур де Франс 2006, Кледен станал еден од фаворитите за победа кога Улрих, Винокуров и Басо не возеле на трката.[8] Винокуров не учествувал поради допинг-скандалот на неговите совозачи, што причинил неговиот тим Астана да падне под минимумот од шест возачи за старт. По слабите настапи во првите планински етапи, Кледен бил во добра форма на Алпите, качувајќи се за генерален пласман. Кледен бил многу силен во последниот хронометар, кога завршил втор по неговиот колега Сергеј Хончар, искачувајќи се од четвртото на третот место во генералниот пласман, поминувајќи го Карлос Састре. На 11. етапа на Пла д’Берет, Кледен бил отфрлен од водечката група и изгубил околу 90 секунди, кои го чинеле многу. На 15. етапа, настапил силно, поминувајќи го секого, освен севкупниот победник Флојд Ландис. На 16-та етапа, Кледен повторно настапил добро, меѓутоа на 17. етапа повторно крахирал на Кол де Жу План, но се повратил, благодарејќи на помошта, која му ја дал неговиот колега Патрик Синкевиц.[9]

Годините во Астана (2007–2009) уреди

На 27 август 2006, Кледен објавил дека ќе вози за Астана во сезоната 2007, и покрај тоа што Александар Винокуров бил негов тимски водач.[10] Оваа објава дошла како изненадување во велосипедскиот свет, бидејќи Кледен, и покрај неговиот талент и достигнување, скоро сигурно не би бил водач на тој тим, кој бил организиран околу Винокуров. Во текот на Тур де Франс, возел добро, но морал да му помага на водачот Винокуров и загубил неколку минути. Една несреќа скоро ја повтори неговата повреда од 2003 на трката, но овој пат не бил ‘рбетниот столб туку само обична фрактура и тој бил во можност да продолжи.[5] Астана службено се повлекла од Тур де Франс 2007 на 24 јули, кога допинг-тестот на Винокуров бил позитивен.[11]

Неговото возење во септември било нарушено од повреда, следејќи по инцидент кога кола го попречила неговото движење и го приморала да скршне, завршувајќи во ендек. Иако рендгентскиот снимки не покажале скршени коски, тој ги пропуштил ГП де Плуе и Трка околу Полска.[12][13]

На 2 октомври 2009, било потврдено дека Кледен ќе се придружи на Тим РадиоШек за сезоната 2010 season[14]

Допинг-обвинувања 2009 уреди

Во 2009, се појавија обвинување дека Андреас Кледен користен нелегална трансфузија на крвата на универзитетската болнива во Фрајбург, во текот на Тур де Франс 2006.[15]

Годините во Тим Радиошек (2010-2011) уреди

Кледен има слаба сеозна во 2010. Завршил на Тур де Франс 2010 на 14. место, веднаш зад Контадор. Неговите поголеми успеси бил 8. место на Тур де Свис и Енеко Тур.

2011 повторно доживеал успеси во кариерата, кога го освоил Вуелта ал Паис Васко 2011, а исто така завршил и втор во Париз-Низа, воедно остварувајќи етапна победа. Тој имал две победи во поединечна хронометри на Џиро дел Трентино и Критериум Дофине. Бил во добра форма за Тур де Франс 2011, доживеал несреќа и се повлекол. Подоцна настапил и на Вуелта со неговиот колега Брајкович, но се повлекол од трката.

РадиоШек-Нисан-Трек (2012-2013) уреди

Во 2012, Кледен потпишал со РадиоШек-Нисан-Трек. Го завршил Тур де Франс 2012 на 11. место, 17'54" зад победникот Бредли Вигинс. Исто така, завршил 4. на трката САД Про Сајклинг Челинџ.

Кледен продолжил да вози за РадиоШек во 2013. Завршил на деветтото место на Волта ао Алгарве 2013 и Париз-Ница 2013 на почетокот на сезоната. На првите пет места се нашол на Трката во Белгија 2012, каде завршил четврти. Рано изгубил време во Пиринеите на Тур де Франс 2013, што го натерало да ги промени целите од генерален пласман во етапна победа. Бил во бегство на етапата 15 до Гап и завршил на петтото место. Повторно се обидел на етапата 19. Откако завршил втор зад Тур де Франс 2004 зад Ленс Армстронг; повторно бил втор за етапна победа, но овој пат зад Руј Кошта. Ја завршил трката на 30. место, со еден час, две минути и четириесет и три секунди зад победникот Крис Фрум.

Во октомври 2013, Кледен го објавил своето повлекување од велосипедизмот по шеснаесетгодишна професионална кариера.[2]

Достигнувања уреди

1998
1.   Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
1. Етапа 3а
1. Пролог Тур де Норманди
1999
1. Етапа 3 Волта ао Алгарве
2000
1.   Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа Б
1.   Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 7
1. Етапа 7 Мировна трка
3.   Бронзен медал Олимписка друмска трка
12. Олимписки хронометар
2001
5. ЕнБВ ГП
8. Гран при Еди Меркс
2002
2. Краен пласман Реџо-Тур
5. Краен пласман Трка околу Саксонија
2003
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
2004
1.   Национално друмско првенство
2. Краен пласман Тур де Франс
2005
1. Етапа 5 Трка околу Баварија
2006
1.   Краен пласман Реџио-Тур
2. Краен пласман Тур де Франс (поместен поради исклучувањето на Флојд Ландис)
2007
1.   Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Сиркут Сиклист Сарт
1. Етапа 2
2008
1.   Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тур де Свис
2009
2. Краен пласман Трка околу Луксембург
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
6. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 4 (ТТТ)
2010
8. Краен пласман Тур де Свис
8. Краен пласман Енеко Тур
2011
1.   Краен пласман Трка околу Баскија
1.   Бодовен пласман
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 5
1. Етапа 3 (ITT) Критериум Дофине
1. Етапа 1 (ITT) Џиро дел Трентино
2012
4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2013
4. Краен пласман Трка околу Белгија
9. Краен пласман Волта ао Алгарве
9. Краен пласман Париз-Ница

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
  Џиро СО
  Тур 26 СО 2 СО 2 СО 6 14 СО 11 30
  Вуелта СО 62 СО СО 20 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Профил на Андреас Кледен“.
  2. 2,0 2,1 „Андреас Кледен се повлекува по 16-годишна кариера вклучувајќи два подиума на Тур де Франс“. Sky Sports. BSkyB. 24 октомври 2013. Посетено на 19 декември 2013.
  3. „Андреас Кледен: АСТАНА“. Yahoo Euro Sport. Посетено на 11 септември 2008.
  4. „Биографија: Андреас Кледен“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2009-07-11. Посетено на 2008-09-11.
  5. 5,0 5,1 „Војниците на Винокуров“. Cycling News. 2007-07-13. Архивирано од изворникот на 2012-07-20. Посетено на 2008-09-11.
  6. „Армстронг прави историја“. BBC Sport. 2004-07-24. Посетено на 2008-09-11.
  7. „Победничкиот напад на Казахстанецот“. Тур де Франс. 2005-07-13. Посетено на 2008-09-11.
  8. Крис Хамер (2007-07-22). „Тур де Франс - Возачи“. Sporting Life. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2008-09-11.
  9. „Победа за Ландис...!“. Tour de France. 2006-06-20. Посетено на 2008-09-11.
  10. Сузан Вестемајер (2006-08-27). „Кледен во Астана“. Cycling News. Посетено на 2008-09-11.
  11. „Винокуров паднал на допинг-тестот“. BBC SPORT. 2007-07-24. Посетено на 2008-09-11.
  12. „Кледен се откажува од Полска“. Cycling News. 2007-09-03. Посетено на 2008-09-11.[мртва врска]
  13. „Нема Полска за Кледен“. Cycling News. 2007-09-06. Посетено на 2008-09-11.[мртва врска]
  14. Сузан, Вестемајер. „Армстронг бара силен тим за Тур де Франс“, Cycling News, 2009-10-02. Посетено на 2009-10-03.
  15. Кледен именуван во извештај од Фрајбург

Надворешни врски уреди