Андон Дончевски

фудбалер

Андон Дончевски — поранешен југословенски фудбалер и поранешен југословенски и македонски фудбалски тренер.

Андон Дончевски
Лични податоци
Полно име Андон Дончевски
Роден на 19 ноември 1935(1935-11-19)(88 г.)
Роден во Кавадарци, Југославија
Позиција напад
Младинска кариера
?-1957 ФК Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1957–1971 ФК Вардар 305 (217)
Репрезентација
Југославија 1 (0)
Тренер на екипи
1985–1991 ФК Вардар
1993–1995 Македонија
1998 ФК Престон Лајенс
ФК Тиквеш
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Животопис уреди

Професионална кариера уреди

Поглемиот дел од својата играчка и тренерска кариера Дончевски го минал во ФК Вардар од Скопје. За време на својата активна фудбалска кариера тој го носел и националниот дрес на репрезентацијата на Југославија, додека со „Вардар“ во 1961 година го совоил Титовиот Куп на поранешна Југославија.[1] Играјќи за „Вардар“, Дончевски постигнал 217 голови, што претставува клупски рекорд.[2] Врвот на својата тренерска слава го доживеал токму како тренер на „Вардар“ со кого во сезоната 1986/87 ја освоил шампионската титула во првата лига на СФРЈ.[3]

Своето прво меѓународно тренерско искуство Андон Дончевски го имал во тимот на „Престон Лајонс“,[4] клуб на македонската емиграција во Австралија со кого што се натпреварувал во Премиер лигата на сојузната држава Викторија.

Селектор на репрезентацијата на Македонија уреди

Прв селектор на репрезентацијата на Македонија во периодот од јули 1993 до декември 1995 бил токму Андон Дончевски.[5] Тој бил на чело на репрезентацијата на 17 натпревари, која под негово водство остварила пет победи, пет нерешени игри и седум порази. Неговиот прв натпревар како селектор била победата против Словенија во Крањ со 4:1, а репрезентацијата јанапуштил по поразот од Шпанија со 3:0.[6][7]

Награди и признанија уреди

Андон Дончевски добил големо признание од Агенцијата за спорт и млади, наградата за животно дело која му била предадена на пригодната свеченост по повод изборот на најдобрите спортисти на Македонија во 2008 година. Исто така, и Тренерската организација на Македонија му доделила специјално признание по повод јубилејот „сто години на фудбалот во Македонија“.[8] Во 2014 година, Дончевски го добил „медалот за заслуги“ доделен од претседателот Ѓорге Иванов за неговото активно учество во македонската дијаспора во Австралија. Во декември 2015 година, за својата севкупна работа во македонскиот фудбал, Дончевски го добил признанието „спортски амбасадор“ од страна на Агенцијата за млади и спорт и Владата на Македонија.[7]

Наводи уреди