Ангус (англиски: Angus, гелски: Aonghas) е управна област, регистарска грофовија и намесништво во Шкотска. Областа се граничи со управните области Абердиншир, Перт и Кинрос и градот Данди. Главни стопански гранки се земјоделството и рибарството.

Ангус
Angus
Aonghas

Грб на {{{common_name}}}

Грб

Местоположба
Ангус во рамките на Шкотска
Географија
Површина X место
- Вкупно 2182 км²
Админ. центар Форфар
ISO 3166-2 GB-ANS
ONS-код 00QC
Демографија
Население XIX место
- Вкупно (2005) 110.300
- Густина 51/км²
Политика
Совет на Ангус
http://www.angus.gov.uk/
Управ. партии независен/Конзервативци/Либералдемократи/Лабуристи
Пратеници
Пратеници

Историја уреди

Ангус во минатото бил грофовија (официјално Форфаршир од XVIII век до 1928, кога е вратено древното име) сè до 1975 кога станал округ во рамките на регионот Тејсајд. Во 1996 е укината двостепената локална самоуправа, и така Ангус станал управна област. Грофовијата Ангус се граничела со грофовиите Кинкардиншир на североисток, Абердиншир на север и Пертшир на запад. На југ гледала во Фајф преку Тејскиот Ферт. Границите на денешната управна област се исти како оние на грофовијата, но без градот Данди.

Географија уреди

Ангус може да се подели на три географски подрачја. Северниот и западниот дел е планински и ретко населен. Населението претежно се занимава со сточарство. Јужниот и источниот дел го карактеризираат благи ридови и крајбрежје. Овој дел е мошне населен, а најголемите места (како градот Данди) се приморски. Помеѓу овие две подрачја се протега плодниот земјоделски предел Стратмор (од гел. An Srath Mòr = „Голема Долина“) познат по одгледувањето на компир, меко овошје и говеда од расата Ангус.

Поважни населени места уреди

Ангус
Грофовија (до околу 1890)
ЗемјаШкотска
Админ. центарФорфар
Површина
 • Вкупна2.302 км2 (889 ми2)
 XI место
Чепменов кодANS


Места од интерес уреди

Збратимени области уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Неоткриена Шкотска: Edzell Castle
  2. Замок Гламз (англиски)
  3. Совет на Ангус (21 јануари 2002). "Посета од Јантај". Соопштение за печат.  посет. 6 септември 2010 г Архивирано на 2 март 2012 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 2011-09-01. (англиски)

Надворешни врски уреди

Координати: 56°40′N 2°55′W / 56.667° СГШ; 2.917° ЗГД / 56.667; -2.917