Англофонски Кариби

Поимот Англофонски Кариби или Комонвелтски Кариби (англ. Anglophone Caribbean или Commonwealth Caribbean) се однесува на независните англоговорни земји во карипскиот регион. Историски, кога една земја ќе стекнела полна независност од Обединетото Кралство, постоела тенденција да се прифати поимот „Англофонски Кариби“ наместо дотогашниот поим „Британски Западни Инди“ (British Wes Indies).

Карта на Карибите

Независните островски земји кои се сметаат за дел од Англофонските Кариби се:

Зависно од личното гледиште, поимот „Англофонски Кариби“ може да се однесува и на независните англоговорни земји кои се сметаат за „Континентални Кариби“. Вакви се:

Во некои случаи, тука можат да потпаднат и моменталните Британски прекуморски територии, иако обично тие се нарекуваат „Британски Западни Инди“. Тие се:

Во Англогфонските Кариби понекогаш се вбројуваат и:

Бермуда честопати е исклучена од оваа класификација бидејќи се наоѓа во Северниот Атлантски Океан. Иако се наоѓаат на Карибите, Американските Девствени Острови и англоговорните острови на Холандските Западни Инди (Холандски Антили), исто така честопати не се вбројуваат бидејќи немаат британска колонијална историја. Бидејќи Холанѓаните немале за цел да ја наметнуваат својата култура на Холандските Антили, англискиот е доминантен и службен јазик (заедно со холандскиот) на Св. Мартин, Саба и Св. Евстахиј.

Поврзано уреди