Во старогрчката митологија, Амазономахија (превод: "Амазонска битка") е приказ на митската битка помеѓу античките Грци и Амазонките, нацијата на женски воини.

Симболиката на Амазономахијата уреди

Амазономахијата се гледа како подемот на феминизмот во грчката култура. Во Хомеровата Илијада, Пентесилеја, амазонска кралица, која се приклучи на страната на Тројанците во текот на Тројанската војна, била цитирана во Троја, велејќи:

Не сме во сила инфериорни во однос на мажите; исти се нашите очи, нашите екстремитети се исти; една заедничка светлина гледаме, еден воздух дишеме; ниту пак различна е храната што ја јадеме. Зошто тогаш ни е негиран на нас рајот кој на мажот му е подарен?


Според Џосин Блок, Амазономахијата обезбедува два различни контексти во дефинирањето на грчкиот херој. Или Амазонките се една од катастрофите од кои херојот се отарасува после неговата победа над чудовиште; или тие се израз на основниот Атиски мотив, во кој главниот јунак ја избегнува човековата сексуалност во бракот и репродукцијата.

Во 5-от век, Ахеменидското Царство од Персија започна серија на инвазии против Стара Грција. Поради ова, некои научници веруваат дека на повеќето ументички грчки дела од 5-от век, Персијците биле прикажани алегориски, преку фигури на кентаури и Амазонки.

Примери уреди

Поврзано уреди



  Оваа статија за старогрчката митологија е никулец.
Можете да помогнете во нејзината дообработка.