Алфредо Краус (шпански: Alfredo Kraus) (Лас Палмас, 24 ноември 1927 - 10 септември 1999 Мадрид) — шпански тенор, еден од најголемите лирски тенори на сите времиња[1]. Неговиот исклучително благороден глас, совршената техника, стилот, шармот и страственоста во интерпретацијата на улогите, како и исклучителниот интелект, култура и наобразованост, го вбројуваат во најмаркантните појави на оперската сцена на минатиот век. Ќе остане запаметен по леснотијата во пеењето во високиот регистар, неверојатниот метал и звучноста на гласот, кои ќе му овозможат да стане ненадминат изведувач на екстремно тешките партии на Артуро во „Пуританци“, Ернесто во „Дон Пасквале“, Едгардо во „Лучија ди Ламермур“, Војводата од Мантова од „Риголето“ и Вертер од истоимената опера[2].

Статуа на Алфредо Краус

Наводи уреди

  1. Kozinn, Allan (September 11, 1999). „Alfredo Kraus, Lyric Tenor Revered for Phrasing, Was 71“. The New York Times. Посетено на 11 November 2019.
  2. Matheopoulos, Helena (1989). Bravo – The World's Great Male Singers Discuss Their Roles. Victor Gollancz Ltd. стр. 111–116.