Алтиплано

вид висорамнина на Андите

Алтиплано (шпански: Altiplano) е географска област во западниот дел на Јужна Америка. Алтиплано преведено од шпански значи „висока висорамнина“. Висорамнината се наоѓа на Андите и таа претставува најголема висорамнина по Тибет. Езерото Титикака е најпозната географска одлика на регионот.

Местоположба на Алтиплано во Јужна Америка.
Пуно, Перу.
Вулкани во Националниот парк Сахама.

Местоположба уреди

Алтиплано се наоѓа во централните предели на Андите и зазема делови од северни Чиле и Аргентина, запада Боливија и јужно Перу. Просечната висина на висорамнината е 3.750 метри надморска висина[1], нешто помалку од таа на Тибет. За разлика од Тибет, во Алтиплано доминантни се масивните активни вулкани како што се Ампато (6288 м), Тутупака (5816 м), Паринакота (6348 м), Гвалјатири (6071 м), Серо Парома (5728 м), Утурунку (6008 м) и Ликанкабур (5916 м), како и Илјампу (6368 м), Уајна Потоси (6088 м), Анкоума (6427 м) и Илјамани (6438 м) во Кордиљера Реал.[2] Југозападно од Алтиплано се наоѓа Атакама, а југоисточно Гран Чако и источно Амазонија.

Панотама на Алтиплано во Перу.

Заедници уреди

На Алтиплано традиционално живеат Кечуаните, Уросите и Ајмарите, но и останати помали американски староседелски народи. Во минатото во регионот живееле, меѓу другите, и Инките.

Наводи уреди

  1. „The Use of Solar Energy for Improving the Living Conditions in Altiplano/Argentina“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-19. Посетено на 2012-05-03.
  2. „Andes map“. Архивирано од изворникот на 2010-09-24. Посетено на 2012-05-03.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

16°00′13″S 69°39′12″W / 16.00358° ЈГШ; 69.65332° ЗГД / -16.00358; -69.65332