Алстердорф
Алстердорф е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија. Името води потекло од реката Алстер, која подоцна била заградена во две езера Аусеналстер и Биненалстер во центарот на Хамбург.
Алстердорф | |
Кварт во Хамбург | |
Поглед на каналот Брабанд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Норд |
Основни податоци | |
Површина | 3 км2 |
Население | 12.955 (31 декември 2006) |
- Густина | 4.318 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Алстердорф во Хамбург | |
Координати | 53°36′0″N 10°0′0″E / 53.60000° СГШ; 10.00000° ИГД |
Историја уреди
Околу 1803, населбата станала имот на Хамбург.
Географија уреди
Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алстердорф имал вкупна површина од 3,1 км2. Реката Алстер рече од североисток кон југозапад е границата со квартот Грос Борстел на запад. На југ Алстердорф се граничи со квартот Винтерхуде. На исток е квартот Олсдорф.
Делови од големите гробишта Олсдорф (Ohlsdorfer Friedhof (германски)) припаѓаат на квартот Алстердорф.
Демографија уреди
Во 2006, во квартот Алстердорф живееле 12.955 луѓе. Густината на населението била 4.232 жители на км2. 14,2% биле деца под 18 години, а 20,2% имале 65 или повеќе години. 11,6% биле странски жители. 467 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999, имало 6.508 домаќинства од кои 15,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 54,4% од сите домаќинства биле сочинети од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,77.[2]
Население по години [1]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
12.455 | 12.487 | 12.551 | 12.563 | 12.520 | 12.449 | 12.622 | 12.577 | 12.476 | 12.209 | 12.027 | 11.847 | 11.827 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
12.180 | 12.379 | 12.480 | 12.723 | 12.825 | 12.872 | 12.955 |
Во 2006, имало 1.283 кривични дела (99 дела на 1.000 луѓе).[3]
Има едно 1 основно и 2 средни училишта во квартот Алстердорф и 30 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]
Спорт уреди
До отворањето на O2 World (Хамбург) во 2002, Алстердорфер Шпортхале била најголемата затворена спортска сала во Хамбург, служејќи и како место за концерти, саеми и други манифестации.
Сообраќај уреди
Алстердорф е поврзан со железничкиот систем на подземната железница. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.847 приватни возила (377 возила/1000 луѓе).[4]
Наводи уреди
- ↑ 1,0 1,1 Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски уреди
- Податотеки поврзани со Alsterdorf на Ризницата
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)